Рузмарин или на латински Rosmarinus officinalis со векови се користел како зачин и лек!

Корисност

Најмногу се користат лисјата, се собираат во летните месеци, потоа се сушат.

Рузмарин се користи како помошно средство против депресија, главоболки, болки во мускули, за подобра концентрација и памтење, како природен антибиотик, против гихт и ревматизам, против пречки со варењето и грчеви, за стимулација на работата на бубрезите, како природен афродизијак и против опаѓање на коса и против првут.

Природни рецепти

Масло од Рузмарин

Се добива со дестилација на лисја и гранчиња. Се смета дека ова масло подига енергија, а сузбива прекумерно потење. Одлично помага кај проблеми со желудник и нерви, кај главоболки…

Често го има во лосионите за коса, го стимулира коренот и спречува прерана ќелавост, а пријатно и мириса. За стимулирање на раст на коса, се втриваат неколку капки масло од рузмарин во скалпот, потоа се измива. За миење коса, позната е смесата од суви лисја и цветови рузмарин со боракс, помага против првут.

Рузмаринот е добро помошно средство за третман на ревматизам – со мачкаат болните делови со одвар или со масло од рузмарин и се витка со памучна ткаенина.

За тегоби во желудник и црева, пробајте неколку капки масло од рузмарин со 1 кафено лажиче вода (или на коцка шеќер).

Есенцијално масло од Рузмарин се користи во ароматерапија за подобра концентрација и памтење, за опуштање и против стрес.

Вино од Рузмарин

Во 1 л бело вино ставаме неколку млади гранчиња; по 7 дена се процедува. Се зема по 1-2 ракиени чашки (50 мл) на ден, стимулира мозок и нервен систем, подобрува циркулација и работа на бубрези, а помага и против главоболки!

Чај од Рузмарин

1 кафено лажиче суви млади горни изданоци со лисја и цвет се попарува со 2 дл зовриена вода, по 10 мин. се процедува и по желба се засладува со малку мед и му се става сок од лимон. Помага против главоболки, грчеви во желудник, настинки и против нервни болести, како и против менструални болки и пречки во варење на храна, а опушта и мускули.

Рузмаринова водичка

Помага надворешно за враќање на виталност на парализирани екстремитети! Во алкохол ставаме млади вршни гранчиња во цут, оставаме 4 дена и се процедува. Се покажала многу добра за гихт во раце и нозе – водичката добро се втрива во кожата.

Примена во готварството

Најчесто се користи во медитеранската кујна. Во мали количества е одличен зачин за супи, печења и меки сирења. За ароматизација на јадења, се става 1 гранче рузмарин, штом јадењето е готово го вадиме.

Позната е т.н. Провансалска трева – смеса од рузмарин, тимијан, мајоран и чубрица (Сaturea hortensis), која се користи во подготовка на варива и јадења со домати.

Рузмаринот подобрува арома на домати, тиква, компири, модар патлижан, грашок и леќа.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови