Почитувани,
Со Билки До Здравје Ви нуди едукативни теми за здравје и здравствена превентива.
Со Билки До Здравје е идеално место за сите оние кои се грижат за своето здравје. Овде можете да најдете релевантни информации за здравје и здравствена превентива, презентирани на разбирлив народен јазик.
Со Билки До Здравје се труди преку едукација да обезбеди информации за актуелните здравствени теми; собира и консолидира знаења од сите области на здравјето и на креативен начин им ги презентира на своите читатели.
Информациите на оваа страница не се производ на нашето произволно мислење, туку се засноваат на релевантни извори. Изворите од каде се собирани и селектирани едукативните материјали се дадени доле во „Футер“ и се појавуваат под секоја страница или текст.
Со Билки До Здравје нуди едукативни информации и за природни билни рецепти собирани од истите извори – повеќе од 30 години, а наменети за одржување на здравјето.
Нашата МИСИЈА е здравствената превентива и здравствената едукација да постанат секојдневен животен стил.
Нашата ВИЗИЈА е секој граѓанин на Македонија здравствените вредности – Спорт, Здрава Зсхрана, Основна Хигиена, Редовни Систематски Прегледи итн. да ги смета за животен приоритет број 1.
Нашата ЦЕЛ – Со Билки До Здравје од 1 јануари 2026 год. е најпосетена веб страница во Македонија во областа „Одржување на Здравјето“ и е најрелевантен дигитален извор за основни информации поврзани со здравјето.
Ќе се потрудиме да бидеме достапни за сите прашања и информации кои ве интересираат, со цел да го одржиме нашето заедничко здравје.
Ако сметате дека правиме добри дела и дека нашите информации се корисни, добредојдени сте да го споделите вашиот личен совет или искуство со нас или во јавноста.
Спремни сме да се подобруваме и со секоја ваша критика се однесуваме професионално и итно!
Едукативните материјали и услуги преку веб-страницата www.sobilkidozdravje.mk се истражувани, собирани и напишани од Г-дин Зоран Никалјевиќ, еминентен билкар и долгогодишен пчелар. Во случај да сакате лично да комуницирате со Г-ин Зоран можете директно преку порака на страницата во делот КОНТАКТ или преку email: zoran@sobilkidozdravje.mk.
Со нетрпение го очекуваме нашето заедничко патување…
Oдрекување од одговорност
Едукативниот материјал и сите информации кои ќе ги најдете на оваа страница немаат намера да лечат или да бидат замена за стручно медицинско знаење и третман. Пред се, препорачуваме секој читател да се јави на преглед кај својот лекар и да побара стручно мислење пред да започне да користи било какви хербални производи или домашни рецепти на своја рака.
Авторите на оваа страница не сносат одговорност ако некоја особа се доведе самоволно во незавидна здравствена состојба, одбивајќи да се грижи за своето здравје во официјална здравствена установа (болница, здравствен дом, клинички центар…)!
Со почит,
тимот на www.sobilkidozdravje.mk