Акни или бубулици се создаваат кога отворите на лојните жлезди ќе се затнат и ќе се воспалат под дејство на бактерии.
Опис и препораки
Не смеат да се стискаат, може да се оштети кожата и да се пренесат гнојни клици на здрава кожа. Помага сончање, особено покрај море. Треба да се води сметка за исхраната и да се контролира стрес, треба да се воспостави правилен и редовен ритам на спиење и што почесто да се оди на свеж воздух.
Тест пред користење на било кој производ против акни
Пред користење на предложените приправоци, добро е да се направи алерго тест. Се мачка производот на лактот и се остава 24 часа. Ако нема никаква реакција, може да се користи.
Чаеви за внатрешна употреба кои помагаат кај акни:
Коприва: треба да се пијат 4 свежо направени чаеви на ден (1 литар), 1 месец.
Мачухица: 4 лажици билка оставаме кратко да врие во 1 л. вода, стои 10 мин. и се процедува. 0,5 л чај се пие во голтки цел ден, остатокот служи за испирање на лице.
Маточина: се пијат 3 чаши чај на ден.
Зелен чај: дневно се пијат 2 чаши чај и секој ден се испира лице со него.
Лосион против бубулици:
Во 2 дл дестилирана вода накапуваме 24 капки етерично масло од Лаванда. Се нанесува наутро и навечер, а покасно се нанесува и крема.
Маслен екстракт од Шимширика за мачкање лице: толчиме 1 рака лисја и оставаме да одстојат 20 дена во маслиново масло. Се процедува и се мачка лицето пред спиење.
Облога од теснолисен Тегавец за силно воспалени места: сецкаме 3 лажици лисја и ги мешаме со 2 лажици маслиново масло; се става на заболено место, стои 1 саат, 3 пати на ден.
Чај од 2 лажичиња Невен во 250 мл зовриена вода – се испира лицето на веќе оштетената кожа, наутро и навечер.
Масло од Коноп:
Делува против црвенило и кожни иритации – Розацеа, Екцеми, Псоријаза. Богато е со Омега-3 и Oмега-6 масни киселини – кои хидрираат кожа! Маслото има антибактериски својства, затоа е добро против акни, но и против мрсна кожа, се впива и не остава мрсна трага. Влажни кожа, но не ги затнува порите. Содржи витамин Е, силен антиоксиданс кој штити од воспаленија и од прерано стареење на кожата.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови