Амброзија или на латински Ambrosia artemisiifolia, припаѓа на семејството Главочики – Asteraceae.

Опис на билката Амброзија

Амброзија има исправена четириаголна стеблинка, во долниот дел е разгранета и покриена со груби влакна. Достигнува висина до 1,5 м.

Коренот е вретенест, плиток, но исто така и силен. Лисјата се долги 5-10 см, имаат јајчеста форма и обраснати се со густи влакна. Бојата им е сино зелена. Опачината има посветла нијанса.

Цветовите се еднодомни, собрани се во гроздесто соцветие на врвот на стебликите. Женските цветови се сместени под машките, во пазувите на горните лисја. Има 5 прашници. Плодот е рошка со големина од 3 мм.

Својства и состав на билката

Амброзија е едногодишна зелјеста билка и мораме да ја запознаеме – билката важи за многу силен и опасен алерген и оправдано ја бие лош глас!

Во Европа е донесена во 19-от век, а оригинално потекнува од северна Америка. Се шири брзо, расте на запуштени подрачја, а се наоѓа и по ниви, меѓу земјоделски култури.

Се појавува во Април, но најпроблематична е во Август, период кога цвета. Количеството полен кое го произведува го надминува од сите други билки заедно, освен некои треви. Со ветер разнесени зрнца задржуваат клијавост со децении.

Поленовите зрнца се силни алергени и доволни се 15-тина на 1 м2 за предизвикување алергија.

Симптоми на алергија на Амброзија

Симптоми се затнат нос, шмркање, кивање, црвенило и јадеж во очите. Особи алергични на оваа билка треба да избегнуваат подрачја каде она расте. Забележани се дури и смртни случаеви предизвикани од алергиски реакции на Амброзија.

Сепак, истражувања покажале дека може да се искористи нејзиното биоцидно дејство, против полжави, а може да послужи и како извор на јаглени хидрати.

Амброзија не се споменува во народната медицина како лек, ниту во официјалната фармакопеја.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови