Амла или Индиски грозд, на латински Emblica officinalis – има жолто-зелен плод, а расте на дрво кое достигнува и до 18 метри во висина. Плодот има 5 од 6-те познати вкусови. Една е од најсилните познати природни продукти за подмладување и за јакнење на имунитет и еден од најдобрите антиоксиданси! За производство на разни приправки, освен плодот, се користат и лисјата, стеблото, па дури и коренот. Во Индија се користи одамна.
Состав
Содржи многу витамин Ц, сокот од Амла има 20 пати повеќе Ц витамин од сокот на Портокал, потоа танини, флавоноиди, полифеноли, антиоксиданси и жолчна киселина, некои минерали, а има многу и Хром.
Амла – дејство
Сите делови се користат за приправки ефикасни против некои видови рак и воспаленија. Редовно земање на плод или користење приправоци од Амла штитат црн дроб, од лошо дејство на некои лекови. Се користат и против повраќање и пролив, намалување на подуеност и грчеви, смалување киселост.
Заштитува тело од дејство на слободни радикали и од оксидативни оштетувања, позитивно влијае во обнова на клетките на кожата. Ублажува состојби настанати од воспаление на дишни патишта, болки во грло, кашлица, бронхитис, дури и астма.
Екстракт од Амла штити од Ентероколитис, состојба каде поради инфекција се јавува кашеста и слузава столица со болки во стомак и грчеви. Сузбива раст на канцерогени клетки во организмот, на пр. на Панкреас, помагаат намалување на ниво на шеќер во крвта и излачување на Инсулин. Позитивно делува на целиот дигестивен систем.
Амла во козметички производи
Масла, шампони и креми. Негува и храни корен и влакно на коса, забрзува раст, намалува седост на влакна, отклонува првут. Природно намалува проблеми со акни, бубулици, осипи и нокти.
Во Индија се употребува и во кулинарството!
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови