Бабин Заб или на латински Tribulus terrestris се користи за зголемување на сексуална желба и моќ кај мажи и жени и за лечење на еректилна дисфункција кај мажите.

Бодибилдерите го користат после циклус од анаболични стероиди за да повратат ниво на тестостерон во телото.

Бодибилдинг - бодибилдер
БОДИБИЛДИНГ – БОДИБИЛДЕР

Опис

Бабин заб е штетен плевел, тоа е нискорастечка крипто-семена билка со боцки налик на рогови кои им служат за одбрана и така останува подолговечна. Стеблото е долго околу 50 см, полегнато на земја, со мали жолти цветови.

Употреба

Се користат сите делови од билката, но повеќето препарати од Бабин Заб се од коренот или од семките. Коренот и семките се сушат, се прави прав за капсули, а чај од суви делови. Се врши и екстракција на активните состојки за правење екстракти и тинктури за внатрешна употреба. За надворешна употреба постојат креми и гелови.

Дозирање: зависно е од состојбата која се третира. Не се препорачува за трудници и доилки.

Лековити својства на Бабин Заб

Потекнува од нејзините активни состојки: сапонини, лигнибнамиди, флавоноиди, алкалоиди и гликозиди. Како додаток на исхраната, Бабин Заб може да зголеми ниво на тестостерон, а со тоа и либидо, добро расположение, подобар сон, изградба на мускули, намалување на болки. Се смета дека зголемува производство на сперма кај мажите, а кај жените на јајни клетки, помага против еректилна дисфункција.

Бабин заб денес го користат главно спортистите за зголемување на сила и мускулна маса и за подобрување на сексуалната желба кај двата пола.

Успехот на бугарските дигачи на тегови на олимпијадите наводно се должи токму на оваа билка!!!???

Тестостерон
ТЕСТОСТЕРОН ВО АКЦИЈА

Медицинска намена

Помага лечење на некои кардио-васкуларни состојби, како ангина пекторис, хипертензија (билката е диуретик), висок холестерол, анемија и слаба циркулација. Се користи и при пореметено варење, како затвор и подуеност.

Кинезите прават тоник за црн дроб, против труење со храна и при прејадување.

Се смета дека спречува формирање на каменец во бубрезите, се користи против болно мокрење, има антисептичко дејство и ублажува инфекции на уринарниот тракт.

Интерно и екстерно се користи против пореметувања на имуносистемот, на пр. алергиски состојби на кожата, егзем и псоријаза, па и шуга.

Рецепти од Бабин Заб

Чај од Бабин заб

Се користи за најголемиот дел од горе наведените тегоби.

Припрема: 2 кафени лажичиња билка полеваме со 4 дл ладна вода, оставаме да одстои преку ноќ. Наутро се загрева, се остава да проврие кратко, се трга од оган и се процедува.

Се пие по 1 чаша пред доручек и пред вечера. Се пие 2-4 недели, потоа пауза од барем 1 месец!


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови