Бел Бор или на латински Pinus silvestris.

Опис, својства, состав на Бел бор

Рано на пролет се берат млади пупки и иглички, лепливи се, со жолтокафена боја. Имаат лековито дејство, но само ако веднаш се употребат, со сушење се губи витаминот Ц!

Содржи смоли, горчливи материи, танини и шеќери. Пупките содржат доста минерални материи, а најмногу етерично масло до 30%. Етеричното масло се добива од игличките со дестилација на водена пареа. Листот содржи витамин Ц, К и витамини од Б-групата.

Белиот бор е ефикасен лек за лекување на градни болести. Поседува и анти-микробно дејство, како и антисептички својства, а во затворен простор освежува воздух во самата просторија.

Намена на Бел бор

Надворешно се користи боров катран кој се добива и од црниот Бор и тоа за лекување на шуга, егцеми и рани.

Инхалација, дезодоризација, озонизација: сите делови од Бор содржат етерично масло (терпентинско) и смоли. Им годи на дишните патишта поради анти-микробното и анти-септичкото дејство.

Корката од бор се користи за правење тоник, содржи танини, горчливи материи и флавонски соединенија.

Природни рецепти со Бел бор

Сируп од Бел бор

100 гр борови пупки попаруваме со 0,5 л зовриена вода и оставаме да стои на сосем млака рингла (на ½) уште 1 саат. Се процедува и се меша со 1 кг мед.

Купка против ревматизам:

150 гр пупки вариме 10 мин во 1 л вода, па се додава во када со топла вода. Може да се користат и пупки од другите видови бор.

Чај со витамин Ц

Врв од гранче Бел бор со околу 15-20 иглички се проварува 5 мин. во 0,5 л вода, се процедува и по 10 мин. се засладува со мед.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови