Белодробен ЕМФИЗЕМ е трајно пореметување на функцијата на дишните патишта со проширен воздушен простор или деструкција на преградните ѕидови меѓу алвеолите и со отежнато дишење. Повеќето доктори се сложуваат дека Хроничниот бронхитис и Емфизем на бели дробови чинат целина и познати се под заеднички именител ХОББ или хронична обструктивна белодробна болест!!
Обично, најпрво настанува хроничниот бронхит, а потоа со влошување на состојбата, настанува Емфизем. Емфизем е болест која ги уништува белодробните алвеоли (воздушни простори) и најмалите бронхиоли (воздушните патишта) во белите дробови!
Просто кажано, белите дробови се како истрошена гумена трака поради губење еластичност!!
Белодробен емфизем – предизвикувачи
Внатрешни и надворешни фактори: пушење, аерозагадување, респираторни инфекции од вируси и бактерии, но и наследен фактор. Симптомите неприметно се развиваат, првите се обично кога веќе 1/3 од белодробното ткиво е оштетено. Повеќето пациенти не реагираат на првите симптоми, а како напредува болеста, симптомите се влошуваат! Прв знак за аларм е отежнато дишење во движење, а потоа и во мирување!!
Кашлањето е најпрво суво, обично наутро. Пушачите си мислат дека е поради тоа што во претходните неколку дена можеби испушиле премногу цигари. Кашлањето се влошува, се исплукува слузав секрет, а подоцна и гноен. При потешките случаи дури и промена на положба на тело може да предизвика кашлица!
Со напредување на болеста, кожата на заболениот од Емфизем на бели дробови добива плава нијанса, вените на вратот се набрекнати; понекогаш е загрозена и фукцијата на виталните органи – срце, бели дробови, јетра. Потешко болните се неухранети (слаби) – поради отежнато дишење не се во состојба да земаат храна.
Белодробен емфизем – дијагноза
Се дава по анализа на крв, пратење на функција на срце и бели дробови со Спирометрија (мерење проток на воздух), гасни анализи, ЕКГ, ултразвук на срце, и ртг на бели дробови.
Превенција
Да не се пуши, избегнување на контакт со заболени од грип и настинки, добра хигиена и миење раце (за да се спречат инфекции), избегнување на средина со аерозагадување; престој на чист воздух; во случај на отежнато голтање да се зема помека храна, да се научат вежби за дишење за да се подобри работа на белите дробови, да се вакцинираме против грип. Одење на лекар на редовна контрола, земање пропишана терапија за да се избегне болничко лекување.
Следните рецепти се земаат 10 дена:
- Во 7 дл врела вода ставаме 2 сепени лажици ситно сецкан Плучњак и 1 супена лажица лист и цвет Подбел; по 2 ч. се процедува, се зима по 230 мл чај со мед и сок од лимон, 30 мин. пред оброк.
- Во 7 дл врела вода 2 супени лажици ситно сецкан лист и цвет Враниловка, 1 супена лажица ситно сецкан лист и цвет Ајдучица.
- Мешаме 6 супени лажици ситно рендан корен од Рен и 4 супени лажици ситно рендана црна Ротква, се сипа во зовриено 1 л. бело вино, се трга и стои 2 ч. поклопено; се процедува и се засладува со багремов мед. Се пие по 50 мл секој саат!!
Емфизем со Бронхитис – помошни народни рецепти:
Ставаме по 2 супени лажици ситно сецкан лист и цвет Ајдучица и Репушина (Erigeron canadensis), стои 2 ч. во 7 дл врела вода, па процедуваме. Се пие по 230 мл чај пред главните оброци, со мед и сок од лимон.
- Мешаме по 2 супени лажици лист и цвет Златница, Мајчина Душица и Плуќњак; стои 2 ч. во 1 л. врела вода (или зовриено вино!), процедуваме. Се пие секој саат по 50 мл.
- Мешаме по 2 супени лажици ситно сецкан лист и цвет Разгон (Вероника) и Плуќњак; стои 2 часа во 7 дл врела вода, па се процедува. На секои 2 саата се пие по 1 дл чај, со мед и сок од лимон.
*Напомена: рецептите со вода се земаат 15 дена, а со вино, 5 дена! - Мешаме по 40 гр. Милодух, Пискавица, бел Слез и Липа и по 20 гр. Кантарион, Тегавец, Коњогриз, Мајчина Душица и истолчено семе од Чичока; смесата се иситнува и добро се промешува. 10 гр. смеса се вари поклопена 3 мин., стои на страна уште 30 мин. и се процедува во шише.
Се пие 1 л. чај на ден.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови