Билни рецепти како помошни лековити средства се едни од најчесто користените во народната медицина.

Билни рецепти кај кивавица

1 кафена лажица Видец стои 5 мин. во 2,5 дл врела вода; процедуваме, додаваме 1 кафена лажица морска сол – полека вшмркуваме во нос, 2-3 пати на ден.

Секогаш се прави свеж чај!

Билни рецепти кај воспалено грло и крајници

Во 2 дл врела вода ставаме 80 гр измелен Ким, вариме 15 мин. – се добива сирупеста маса. Процедуваме и додаваме 50 мл топла вода – грееме до вриење. Тргаме од оган и ставаме 1 супена лажица Вињак.

Се зема по 1 супена лажица на секои 30 мин!

Билни рецепти за потечени крајници

На крпа мачкаме костенов мед, оросуваме со мелен бибер и го ставаме преку кожата на крајниците! Наутро крајниците се веќе повлечени!

Храна и билки за чистење бели дробови од никотин

  • Пченка шеќерец – содржи јак антиоксиданс: Бета-криптоксантин!   
  • Селен – го има во туна, лосос, јајца, јагнешко месо, житарки, лук… 
  • Лук и Кромид – лукот спречува ширење на канцер 
  • Ѓумбир – се пие чај од коренот, а се јаде по малку и со оброците 
  • Портокал – содржи витамини и Криптоксантин
  • Коприва – содржи железо, дезинфикува бели дробови од инфекции      
  • Борови иглици – се испира уста и грло со чај!   

Пушењето го намалува колечеството на витамин Ц, Е и А.

Треба да се јаде Брокула, сок од Морков, Портокал, Киви, Калинка, зелен лиснат зеленчук (спанаќ) – особено трудниците. 

Наш омилен билен рецепт

Во блендер мелеме 100 гр корен од Оман, 100 гр семе од Анис и 50 гр ленено семе; се меша со 1 кг мед. По 3 дена приправокот е спремен.

Се зема 3 пати по 1 кафена лажица во 1 дл млака вода, со 1 кафена лажица сок лимон.       


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови