Билни рецепти за аменореа или изостанок на менструација.

Фитотерапија

  • По 15 гр. Крушина, плод Пасидрен, Русомача, Рута, Ајдучица, Камилица и 10 гр корен Оман;  2 супени лажици смеса 8 часа во 4 дл врела вода, процедуваме. Пола пред вечера, пола пред доручек.
krusina-bilni-recepti-za-amenorea
КРУШИНА
  • Рецепт: Купка со Ајдучица: 100 гр. надземен дел се остава во вода 8 часа, утредента се загрева до вриење, се процедува и се става во када со топла вода, 3-4 месеци секој ден.
  • Секој ден се пие 25 мл сок од надземен дел на Невен.      

При обилни и болни менструации 

Се пијат 2 чаши чај: 30 гр Овчарско торбиче и Троскот и 40 гр. Имела; 2 супени лажици се варат на тивко 15 мин. во 4 дц вода, стои 4 саати, потоа се процедува. Се зема 2 пати по 2 дл сабајле и навечер пред јадење.       

При обилна и болна менструација со згрутчена крв 

2 пати по 1 шоља чај од Каулофилиум, лист црна Рибизла, Чибуковина, лист Малина и див Јам (Dioscorea villosa).   

div-jam-bilni-recepti-za-amenorea
ДИВ ЈАМ

За регулирање на мензис

По 30 гр. Нане и Валеријана, 40 гр. Камилица и 15 гр. цвет Невен; 4 супени лажици смеса одат во 750 мл врела вода, по 30 минути се процедува. Се пие топло, во 4 дела во тек на ден. 

valeriјana-bilni-recepti-za-amenorea
ВАЛЕРИЈАНА

Болка при мензис е од контракции на матка. Се намалува после 25 г. старост или по првото породување.

Превентива и лечење инфекции на женски полови органи (габични-вирусни-бактериски)

Мешаме 50 гр. сок од Мајчина душица, 20 гр. сок од Мајоран, 20 гр. сок од Кромид и 500 гр. мед. Се пие по 30 мл сок 2-3 пати на ден.
Половите органи се промиваат со чај од Камилица со малку сода бикарбона во него.

majoran-bilni-recepti-za-amenorea
МАЈОРАН

Се надеваме дека ви претставивме доволно билни рецепти за аменореа, сега е на вас да го примените тоа што мислите дека треба.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови