Брокула е намирница која дава се што е неопходно за здравјето, за подмладување и детоксикација!
Опис и намена
Брокулата има зелена боја, гроздеста форма и е најдобро да се конзумира сурова или варена на пареа, така содржи најмногу витамини. Динстањето е исто добро. Но, варење во вода, особено подолго време, ја намалува содржината на нутриентите во голема мерка.
Идеално е да се јадат 2-3 чаши брокула неделно!
Здравствена корист од брокула
Антиканцерогено дејство
Содржи антиканцерогени состојки, како што е Индол-3-Карбинол. Овие состојки блокираат развој на клетки на рак и спречуваат рак на црева, желудник, дојка, матка и простата.
Крвен притисок
Содржи многу калиум и магнезиум и добро одржува притисок во нормала.
Имунитет
Содржи многу витамин Ц и бета-каротен, зајакнува имунитет, штити од грип и настинки.
Трудници и брокула
Содржи многу фолна киселина која е битна за преднатален развој на бебето, како и за обнова на клетки и превенирање на рак.
Артритис
Содржи Сулфорафан (штити рскавица) и флавоноид Кемферол (има анти-воспалително дејство); затоа е одлична во превенција и лечење на ревматски болести.
Регулира варење
Содржи многу влакна кои помагаат варење и спречува затвор, а регулира и шеќер во крв.
Брокула за добар Вид
Содржи многу витамин Ц, Лутеин, бета-каротен и Зеаксантин – спречуваат болести на очите.
Холестерол
Содржи Лутеин, диетални влакна, Б-витамини и фолна киселина кои се битни за нормално ниво на холестерол во крвта; што значи дека превенира атеросклероза.
Срцеви заболувања
Содржи Витамин Б6, фолна киселина и каротеноид Лутеин – кои се добри за здравјето на артериите и спречуваат срцеви болести и мозочен удар!
Брокула за слабеење
Содржи минимум калории, а полна е со нутриенти! Содржи многу влакна и вода и дава чувство на ситост. Богата е со протеини кои се битни за мускулите и за согорување на масни наслаги. 1 чаша брокула има 3 пати повеќе протеини од оризот, а 5 пати помалку калории!
Алергии
Изобилие на флавоноиди и кемферол со против-алергиско дејство, регулираат имунолошки одговор на организмот (алергиите се имунолошки одговор на организмот во одбрана од безопасни материи од нашата околина!).
Брокула спречува астма и алергии!
Брокула е добра за коски
Богата со калциум и витамин К, кои се неопходни за здрави коски и за превенција на остеопороза.
Детоксикација
Содржи природни состојки кои помагаат елиминација на токсини – Глукорафан, Глуконастуртиан и Глукобрасицин.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови