Брусница или на латински Vaccinium macrocarpon има силно антиоксидативно и антиканцерогено дејство.
Изглед, својства и распространетост
Зимзелена грмушка со висина околу 30 см, има бел цвет и ситни бобичести плодови, со горчливо кисел вкус. Одгледувана Брусница се сади во март. Раѓа два пати годишно – во Јули и Септември. Плодот е вистински рудник на хранливи, заштитни и лековити соединенија, кои се користат и за производство на лекови.
Плодовите се богати со:
- витамин Ц
- витамин А
- Калиум
- Магнезиум
- Бензоева киселина
- влакна
- богата е со антоцијани, со проантоцијаниди (состојката Проантоцијанидин спречува лепење на бактеријата Ешерихија коли за ѕидовите на меурот и спречува нејзино размножување!)
- содржи и Бета-каротен, како и други микронутриенти.
Состав и здравствена намена
Брусницин е концентрат од брусница, се користи за лечење на инфекции на мочниот меур предизвикани од Ешерихија коли. Брусница се користи против бактериски и габични инфекции, чир на желудник, болести на заби и на забно месо, ослабен имунитет, дијабетес, болести на очи и како превенција на кардиоваскуларни болести.
Добра е превенција за рак на дојка, желудник и дебело црево.
Постојат готови сирупи за деца и таблети за возрасни, се употребуваат според упатсво или по совет на матичен лекар.
Брусница се користи и во исхраната:
- како свеж плод
- сушено овошје
- џем
- пекмез
- сок
- сируп
- чај
Чај од Брусница
Добар е за проблеми со уринарниот тракт, како и против реума, гихт, бубрежни камчиња. Треба да се знае дека за лечење на воспаление на мочен меур треба да се употребуваат само алкални или само кисели препарати.
Брусница и здравје
Плодот од брусница има кисела база, а лисјата на брусница (како и Копривата) алкална! Не смеат да се мешаат!
Брусницата делува и против бактеријата Хеликобактер пилори, па е добра и за чир на желудник, а анти-микробните својства помагаат против пародонтални болести на гингивата околу забите. Намалува и појава на кариес.
Брусницата содржи и антиоксиданс фенол, кој превенира срцеви заболувања, предвремено стареење, губиток на координација и меморија и неколку вида рак.
Содржи и танини кои се исто битни за здравјето на срцето и големо количество на флавоноиди и полифеноли кои се природна одбрана од артеросклероза – инхибираат лош холестерол и подобруваат циркулација!
Производи од брусница не смеат да земаат особи кои земаат Варфарин, ниту дијабетичари сок од брусница засладен со шеќер.
Плодот е погоден за замрзнување и за сушење.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови