Буковка е печурка која се јавува во жолтеникава, црна, кафејава, кремаста и розеникава боја.
Опис и видови
Извонреден сојузник на човековото здравје!
Лесно се одгледуваат, богати се со хранливи материи. Од семејството Буковки најпознати се – Pleurotus ostreatus и Pleurotus pulmonarius или летни буковки, со светла боја на клобукот; растат и за време на високи летни температури.
Кралска буковка (Pleurotus erungii) ја има и кај нас. Многу е здрава и многу месеста и останува свежа долго време.
Состав и својства на Буковка
Буковките се богати со протеини, со Б-витамини, немаат холестерол, а содржат многу молекули на ловастатин кои природно намналуваат холестерол.
Во медицинското списание International journal of oncology е објавено дека оваа габа, односно нивниот алкохолен екстракт потикнува најмалку два молекуларни механизми кои попречуваат раст на рак на дебелото црево и рак на дојка, а притоа немаат штетно дејство на здравите клетки на ткивата. Освен тоа, во алкохол нерастопливите бета-глукан и протеин гликопротеин, пронајдени во буковките и некои други лековити габи, го активираат имунитетот, односно цитостатичните Т-клетки со што се зајакнува природната одбрана на организмот.
Здравствена примена
Буковките имаат силно антивоспалително дејство, затоа помагаат против ревматоиден артритис и воспалителни заболувања на цревата.
Да се потсетиме, воспаление е имуно-реакција со цел телото да се заштити од заболување.
Сепак, хроничните воспаленија немаат заштитна функција, туку е здравствен проблем! Хроничните воспаленија се поврзани со ризик од карциноми, срцеви заболувања и дијабетес.
Буковките содржат антиоксиданси, кои се борат против слободните радикали и спречуваат оштетувања на клетки. Антиоксидансите намалуваат ризик од многу заболувања.
Буковките имаат и антиканцерогено дејство!
Екстракт од Буковка покажал јако дејство против рак на дебело црево и леукемија, благодарение на антиоксидансите што ги содржат – Селен и Бета-глукан. Буковката содржи и поли-сахариди, кои битно го подобруваат имуносистемот!
Буковка за пофункционален мозок
Корисни нутриенти кои ги внесуваме преку храна се пресудни за намалување ризик од неуро-дегенеративни болести и деменција. Буковката е богата со витамини и минерали кои се многу битни за здравјето на мозокот. На пр. Ниацин (Б3) – кој помага против Алцхајмерова болест и други видови деменција, содржат и Рибофлавин (Б2) кој има терапевтски учинок против Браунов синдром (форма на пореметување на моторните неурони).
Билни рецепти од Буковка
Тинктура од Буковка
Тегла од 1 л полниме со 4 дл 40% вотка или овошна ракија; додаваме 250 гр ситно исецкани буковки, затвораме и добро протресуваме. Стои 14 дена на собна температура со повремено протресување. Се процедува, а и габите се истиснуваат. Се зема по 1 кафено лажиче на ден, може со малку сок за поприемчив вкус.
Чај од Буковка
Ставаме неколку парчиња буковка во тенџере со 0,5 л вода; оставаме водата да закипи, потоа намалуваме оган да се крчка на тивко 60-75 минути. Процедуваме. Се засладува со мед и се додава сок од лимон.
Внимание!
Буковките мора термички да се обработат – не смеат да се јадат сурови!
Содржат хемолитички протеин кој може да биде отровен, освен доколку печурките не се обработат на температура повисока од 60о целзиусови.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови