Вагинален секрет обично се јавува како симптом на некое женско полово заболување.
Утврдување на причинителот за вагинален секрет
За да се регулира, мора да се утврди причинителот. Чистота на вагинален секрет се одредува со лабораториска анализа; 1-а и 2-ра група е уреден наод. Кај 3-та група се препорачува подетална бактериолошка анализа или лекарско внимание – ако пациентката има тегоби. Трипер е во 4-а група, во 5-та група е т.н. Трихомонијаза, додека габичните инфекции се во 6-та група на вагинален секрет.
Причинител може да е и привремено воспаление на јајниците, кое може да предизвика и цистични промени; може да биде и од стрес; во секој случај, се оди на лекар.
Изглед на вагинален секрет
- Сивкасто-жолтеникав и густ хомоген секрет (мирис на риба), пропратен со вагинална иритација е симптом на бактериски вагинитис, предизвикан од губиток на лактобацил, заштитник на вагина од надворешни бактерии. Губиток може да настане и од претерана хигиена, користење на антибактериски препарати за бањање или зголемена киселост на вагина.
- Густ и бел секрет, со сиреста форма, со сврабеж и пецкање, понекогаш со миризба на габички, укажува на габична инфекција или кандидијаза, која настанува со зголемување на бројот на габите кои живеат во вагината, но во мал број, пореметувајќи ја така рамнотежата на вагиналната флора.
Промена на киселост на вагина е главна причина на оваа промена; може да ја предизвика менструација, дијабетес, бременост, прекумерно користење на антибиотици, хормонска контрацепција, стероиди и менопауза. Со одржување на нормална киселост на вагина се спречува развој на штетни бактерии.
- Беличест, пенлив секрет со непријатна миризба укажува на трихомонијаза, инфекција предизвикана од микроорганизам (протозоа), кој живее во влажни зони на генитални органи и се добива исклучиво по полов пат.
- Благозајакнат секрет со пецкање при мокрење укажува на евентуално присуство на бактерија Хламидија, таа се пренесува по полов пат. Може да инфицира вагина, ректум, грло на матка и мочни патишта.
- Поинтензивен секрет со беличести промени на вагина и вулва со пецкање и свраб обично укажува на алергиски вагинитис. Настанува како реакција на вагинална регија при допир со некои иритантни материи (латекс, спермицидни супстанци, сапуни, пени, интимни дезодоранси; треба да се избегнуваат овие материи. Добро е да се испита реакција на организмот на алергени! Алергиски вагинитис често настанува во комбинација со габична или бактериска инфекција.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
За хербални (билни) рецепти за Вагинален секрет кликнете подоле:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови