Витамин Д – најновите истражувања потврдиле позитивно дејство во превенција на грип и ублажување симптоми на грип и настинки! Има сознанија дека е дури поефикасен и од вакцините.
Опис, својства, состав
Луѓе со низко ниво на овој витамин почесто заболуваат од грип. Во 2009 година вршени се испитувања на пандемијата „H1N1“ и утврдено е дека луѓе со високо ниво на т.н. „CD8Т“ клетки имале само благи симптоми на грипот или сосем изостанале; овие клетки се создаваат со сончање.
Овој витамин е познат и како ,,сончев витамин“, претставува прохормон составен од неколку соединенија; двата најважни се Д2 (ергокалциферол) и Д3 (холекарциферол).
Извори на Витамин Д
Организмот го произведува под дејство на сончеви зраци.
Сончевата светлина е најголем извор на Д витамин!
Се внесува и преку некои намирници од животинско потекло и житарки, но во многу помало количество! 20 минути сончање дава доза од 250 микрограма од овој витамин. За истото количество треба да испиеме 10 л млеко!
Недостаток на Витамин Д
Во минатото се поврзувало само со рахитис и остеопороза и се верувало дека недостаток од овој витамин нема други поважни последици. Недостаток може да предизвика многу други заболувања, како на пример мултипла склероза и рак.
Симптоми на недостаток на Д витамин:
- болки во коски,
- слабеење,
- силно потење,
- мускулна слабост,
- хроничен замор и малаксалост,
- депресија,
- раздразливост.
Недостаток на витамин Д може да биде поради:
- недоволно излагање на сончева светлина,
- целодневен престој во затворена просторија,
- користење на креми за сончање,
- строга веганска диета со краток престој на сонце,
- темна боја на кожа (меланин намалува способност на кожата да произведува витамин Д),
- зголемена разградба на овој витамин (од лечење со кортикостероиди на пример),
- намалена апсорпција на овој витамин (некои болести, како што се цистична фиброза, целијаклија или Кронова болест, влијаат на способноста на дигестивниот систем да апсорбира
Д витамин од храната).
Препораки
Обезбедете доволно од овој витамин со престој на сонце 20-тина минути, 3 пати неделно, ова е доволно. Во зимските месеци конзумирајте суплементи.
Примена
Денес овој витамин се повеќе се употребува за лечење и превенција на рак како и за сузбивање на автоимуни болести. Помага и за регулирање на телесна тежина (против гојазност).
Витамин Д – здравствена намена
Превенира и помага во лечење на;
- дијабетес,
- хипертензија,
- астма,
- кардио-васкуларни болести,
- грип,
- пореметување на имунитет,
- псоријаза,
- карцином на дебело црево, на простата и дојка,
- мускулни и бубрежни заболувања,
- автоимуни болести (мултипла склероза, ревматоиден артритис),
- депресија…
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови