Витамин Е помага во лечење на Псоријаза, стрии, затегнува лице. Содржи силни анти-оксиданси кои помагаат лечење на оштетена кожа, коса и лице. Штити кожа од УВ зрачење.

Масло за кожа со витамин Е

Маслото помага во формирње на еластин и колаген, спречува и отстранува старечки флеки и брчки и делува против создавање нови линии. Штити кожа од губиток на влажност. Се применува за лузни, изгореници, модринки. Се користи како тоник и за чистење на кожа, со кружни движења. Помага против псоријаза и јадеж од екцем. Има добро дејство на имуносистемот, помага против воспалителни процеси, одржува правилна работа на нервен и мускулен систем, шири крвни садови (спречува создавање на крвни тромбови).

Многу важен за плодност кај мажите – игра важна улога во созревање на сперматозоиди.

Недостаток на витамин Е

Недостаток предизвикува ослабен вид, болки во мускули, општа слабост и тешкотии во координација на движење и одење. Овој вид авитаминоза е редок. Доколку го немаме доволно, да не се земаат суплементи на своја рака –  висока доза може да биде причина за крварења.

Постои табела според возраста. За трудници и деца над 14 години препорачана дневна доза е 15 мл/гр Е витамин,  за доилките 18-19 мл/гр на ден.

Намирници кои го содржат

Е-витамин има во маслата за јадење (ладно цедено сончогледово масло!!!), во семки и орашасти плодови, во овошје, месо од гуска, кикирики, лосос, авокадо, бразилски орев, киви, манго.

Штити да не оксидираат витаминот Ц, Б комплекс витамините, како и липопротеините! 

Витаминот Ц пак, зголемува апсорпција на Е витамин и добро е кога се комбинира храна богата со двата витамини.

Да се потсетиме, храна богата со железо е добро да се зема напоредно со внес на витамин Ц затоа што витамин Ц помага во апсорпцијата на железо од храната!


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови