Вресок или Калуна – Calluna vulgaris е зимзелена грмушка, висока до 1 м.

Опис, изглед и распространетост на Вресок

Стебленцата се полегнати, со мали, тесни и заоблени голи лисја. Цветовите се розеникаво-љиљакови, ѕвонести и собрани во цветен грозд. Цвета од Август до Октомври. Плодот е тоболец. Има пријатна миризба и горчлив вкус. Распространет е по медитеранот. Расте на суви ивици и падини, понекогаш прекрива поголеми површини.  

Здравствена корисност

Се користи како зачин, а и како лековита билка. Има јак вкус, се користи во јадења со риба и месо и со зеленчук. Добро меди, но медот не е на цена, има послаб квалитет. За лек се бере надземниот дел од билка во цвет – се суши на топло и провевно место, во сенка.

Вресок – здравствена примена

  • поинтензивно лачење на урина, кај тегоби со бубрезите, мочниот меур, инфекции и камења во мочен меур, инфекции на мочните канали, циститис и други тегоби со уринарните органи
  • за лачење слуз и катар од бронхите, желудник и црева
  • за чистење на крв
  • лечење на ревматски тегоби
  • кај кожни болести – особено екцеми, осипи, кожни нечистотии
  • за испирање и за облоги, за проблеми со простата
  • за подобра работа на срце
  • лечење на несоница
  • пореметен метаболизам
  • против цревни паразити (амеби, глисти…)

Западна народна медицина Вресок користи за:

  • артритис
  • болести на бубрези
  • мочен меур и мочни канали
  • каменец и катар во мочен меур
  • екцем
  • гихт
  • несоница
  • нервна напнатост
  • болести на простата
  • низок притисок
  • рани и повреди на кожа
  • за чистење на крв
  • засилено потење
  • за правење на тн. Бахови цветни капки

Природни рецепти со Вресок

Рецепти за наведените заболувања:

Се зема 1 супена лажица цвет и лист Вресок и 2 дл зовриена вода; стои поклопено 15 мин. и се процедува. Се пијат 2-3 чаши чај на ден, може и засладен со мед, пред јадење. Се користи и за испирање и за облоги.

Тинктура за наведените заболувања:

Се прави според важечките фармакопејски прописи. Се зема 3 пати по 10-15 капки, со малку вода или чај.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови