Георгина, Далија или на латински Dahlia variabilis. Прататковина на билката е Јужна Америка (Мексико).

Распространетост и корисност

Георгина е билка интересна за пчеларите. Дава добри приноси нектар и поленов прав. Има поволен период на цутење, од Мај до Октомври, кога во летните месеци пчелната паша станува оскудна. Во народната медицина не се спомнува како билка која се користи за лековито дејство и правење лековити приправки.

Опис, својства и состав на Георгина

Билката е зелјеста. Има слабо разгранета стеблика која во висина расте до 50 см. Лисјата се широки, со ланцетаста форма, на рабовите се ситно назабени. Цветовите варираат во боја – од пурпурна, црвена до жолта.

Георгина се размножува со гомолки, на почеток на пролет. Најпрво се дели старата гомолка и по недела две се садат. Така се избегнуваат доцните пролетни мразеви. Ова се прави во Април-Мај на плодно земјиште подготвено на есен, за садење на пролет.

Садењето се прави на сончево место, заштитено од ветер, во плитки јамички, на растојание од 50 до 100 см, билката расте угоре и ако е позбиена, послабо цвета.

Намена на билката Георгина

Исклучиво е декоративна!

Постојат повеќе видови Георгина. Некои имаат многу крупни цветови. Одличен се декор по бавчи и паркови.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови