Дива круша е овошје за кое веруваме дека како мали сте се забавувале додека сте го јаделе по селските планински средини.
Опис
Листопадно дрво, високо до 20 метра, со широка и густа крошна и кратко правилно масивно стебло. Лисјата се јајчесто-oкругли, зашилени, на лице темно зелени и сјајни, наличјето е посветло и на ободите е бранесто набрчкано и тестересто.
Цветовите се бели со црвени прашкасти ќесички; цвета во Април-Мај, околу 14 дена. Дава многу нектар и цветен прав. Расте до 1500 м надморска висина. Зрел плод влегува во состав на разни шумски и овошни чаеви.
Општо за лековитоста на дивата круша
Поволно делува во регулација на инсулин и дава чувство на ситост во текот на денот. Природно регулира шеќер во крв, тоа ја прави идеална намирница. Превентивно делува на болести на срцето и крвните садови (намалува ниво на штетен холестерол), помага апсорпција на жолчни киселини. Содржи Сорбитол и тоа ја чини корисна за зајакнување на забите. Содржи калциум и затоа се препорачува кај деца и млади особи.
Млади лисја од дива круша
Содржат гликозид арбутозид, кој дезинфицира мочни органи, а раствара камен/песок во бубрези и мочен меур.
Чај од лисја на дива круша
Се користи за лечење катар на мочен меур и бубрези, против ноќно мокрење и за исфрлање на песок и камен од бубрези и мочен меур. Помага против бактерии во урина и воспаленија на мочен меур – ги убива бактериите кои се размножуваат. Намалува грчеви и болки при мокрење, помага лечење на простата.
Чај од дива круша
3 лажици суви и иситнети лисја дива круша прелеваме со 750 мл зовриена вода, стои поклопено 30 мин. и се процедува. Се дели на 3 чаши и пие во тек на еден ден. Се пие незасладен и топол, помеѓу оброци. Помага против бактерии во организмот, особено во урина. Чајот има витамини А и Ц, минерали калај, фосфор, магнезиум и калциум. Помага против кашлица, воспаленија и промуклост, поволно делува на слузокожа на црева.
Кај шеќерна болест
За луѓе кои сеуште не почнале да користат инсулин: се прави одвар од младите лисја. За чај се користи и корка од отсечено гранче, се разголува корката и од неа се прави чај! 1 лажица иситнета корка се прелева со 250 мл зовриена вода, па врие 10-на мин., се трга од оган и по 5 мин. се процедува. Се пие по 1 чај, наутро и навечер.
Чајот намалува ниво на шеќер во крв; има примери на целосно излекување на дијабетес. Помага излачување на песок и каменец од мочни канали.
Чај од питома (сортна) круша има многу послаби ефекти.
Чај од плод од дива круша
Плодовите иситнети на ситни делови ги сушиме на место со провев. Сув плод се користи за правење на чај – 1 лажица се прелева со 250 мл зовриена вода, стои поклопено 20-на мин., потоа се процедува.
Ракија од дива круша
Се добива со двојна дестилација. Ракијата има посилна арома, но и послаба овошна миризба. Штом сосема созреат, дивите круши се мелат и се спремаат за ферментација. Шеќер се додава минимално, за околу 3-4% дивата круша има помалку овошен шеќер од сортната (питома) круша.
Ракијата одлежува во прохром садови.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови