Дивизма или на латински Verbascum thapsiforme – една од најлековитите билки; расте речиси секаде, на секој вид земја, важно е да е на суво и сончево место.

Дивизма помага за болести на белите дробови и ушите

Одамна се користела против болести на белите дробови и за болести на уво и наглувост – прочуено ПОПСКО МАСЛО.

Дивизма за наглувост. Divizma za nagluvost.
ДИВИЗМА КАЈ НАГЛУВОСТ

Намена на Дивизма

За заштита од лоши енергии

Цветовите се берат на сончево и суво време, се чуваат во херметички затворени стаклени тегли – патат од влага, а ги напаѓаат и црви. Цветовите се користат во прехрана како додаток на салати, макала и сл.

Кај народот постоело верување дека Дивизмата има магична моќ и ја саделе околу куќа против лоша енергија.

Рецепт за Попско масло

3 супени лажици свежи или суви цветови Дивизма прелеваме со 2 дл маслиново масло; стои на светло место 21 ден, повремено проматувате. Потоа се процедува.

Се накапува во уво по неколку капки против болки и наглувост.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови