Планинско или диво оригано или на латински Origanum minutiflorum – претставува вид на диво оригано, кој се смета за еден од најјаките антибиотици и антиоксиданси од природата.

Разлика помеѓу диво и питомо

Питомото оригано најчесто се користи за зачин и додаток во јадења. Може да се одгледува во бавчи. Дивото оригано расте на поголеми надморски височини, а Турција е главен извозник. Инаку, постојат повеќе од 50 вида Оригано, од кои 32 растат во Турција.

Origano minutiflorum или диво-планинско оригано

Расте исклучиво на планинскиот масив Таурус-јужна Турција. Расте на непристапни терени, на 1500-2000 м.н.в. Токму ваквата клима чини овој вид оригано да е најјак див оригано на планетава, со најголем процент на активна супстанца – Карвакрол.

Карвакрол има најголемо влијание на анти-вурисното, анти-бактериското, анти-фунгалното, анти-паразитското, анти-септичкото и анти-оксидативното дејство на дивото оригано.

Масло од диво оригано

Се добива со парна дестилација на лисјата. Одлично е против инфекции на уринарниот, гастро-интестиналниот и респираторниот систем, јак антиоксиданс и средство кое допринесува за добар имунитет.

Со честа употреба на антибиотици бактериите постануваат резистентни и мутираат, па антибиотиците веќе не ни делуваат. Оригановото масло ги спречува бактериите да дишат и веднаш ги елиминира и не дозволува нивна мутација и отпорност.

Делотворност на маслото

Делува на повеќе од 25 вида бактерии, габички и паразити: стафилокок, ешерихија коли, pseudomonas aeruginosa, листерија, Кандида и др. што значи, има јако дејство против настинки и грип!

Употреба на маслото од Диво Оригано

За лечење на настинки и грип, воспаление на синуси, бронхитис, инфекции на грло, инфекции во уста и нос, сузбивање на цревни паразити, габични заболувања, инфекции и иритации на кожа, за лечење акни, против астма, за зајакнување на имунитет.

Габичката Кандида често предизвикува заболување на ноктите. Ноктите од прстите, на измиени и суви стапала ги мачкаме со ориганово масло 1-2 мин., два пати на ден, 5-6 дена. Потоа, 3 пати на ден, наредните 6 месеци – ноктите ги мачкаме со 2-3 капки масло.

Особи со осетлива кожа треба да го разредат со некое друго масло. Против бубулици и акни, кожата се чисти со тоник без алкохол во кој е умешано 1-2 капки ориганово масло.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови