Диуретици – за исфрлање вишок вода од тело: гомилање на вода во тело предизвикува отоци и подуеност.

Оток (Едем) на раце, нозе, стапала, лице, на стомак, чувство на тежина во удовите – се дел од тегобите кои настануваат од збирање на вода во организмот.

На ризик се најмногу изложени: дијабетичари, особи со заболен црн дроб, бубрези, крвни садови, почесто имаат проблем со гомилање и отежнато исфрлање на течност од телото. Ваква состојба може да предизвикааат и хронични болести на бели дробови и артритис.

Жените со непријатна подуеност се соочуваат за време на ПМС, во бременост, во менопауза и при циклус. Ако подуеноста потрае подолго, мора да се оди на лекар!!

Лоша исхрана исто предизвикува подуеност – индустриска храна, сол, шеќер, масти…преоптоваруваат црн дроб и бубрези. Седечки животен стил на модерниот човек е додатен причинител!

Слика: Жена со отечени стапала; Slika: Žena so otečeni stapala.
БОЛНИ И ОТЕЧЕНИ ПЕТИ

Диуретици – храна која предизвикува задржување вода

50 гр внесена сол врзува 6,5 л. вода, значи тоа се 4,5 л. вишок вода! И да не посолуваме храна, сепак, индустриската храна содржи многу сол – конзервирана туна, сардина, месни нарезоци, паштети, виршли, салами, шунка, сланина, кечап, сок од домат, готови јадења и разни грицкалици, сирења…се рудник на сол и тивки убијци на срце, крвни садови и на здравјето воопшто.  

Слика: Брза храна. Slika: Brza hrana.
БРЗА ХРАНА

Совети за исхрана

Прв чекор е да се воспостави рамнотежа помеѓу Калиум и Натриум – за динамичка рамнотежа на вода во сите делови на телото!

Натриум задржува вода, Калиум-от го запира тој процес.

Намален внес на сол и конзумирање намирници кои содржат Калиум (компир со лушпа, домат, банана, диња, сок од портокал, семки од сончоглед…) спречува и го решава овој проблем.

За превенција и лечење едем – природни диуретици

сок од Брусница, лубеница, краставици, ротквици, домат, јаболков оцет, семки од Анис, Шпаргла, зелена салата, овес, просо, кокосово млеко…

Slika: Lubenica. Слика: Лубеница
ЛУБЕНИЦА

Билни диуретици

Магдонос
Помага при лечење на многу болести, содржи многу витамини и минерали. Забрзува циркулација, потпомага исфрлање вода и штетни материи од организмот, па е погоден и за детоксикација! Се додава на јадења на крај на готвење, во салати или како:

Чај – 1,5 кафена лажица сув лист Магдонос стои 5-10 мин. во 2,5 дл врела вода, се процедува. Се пијат 2-3 шољи на ден. Не е за трудници поради можни контракции!   

Ува 
Познат диуретик, со уште појако дејство ако се комбинира со билки со слично дејство! Добар е уроантисептик на мочните органи, за акутни и хронични воспаленија на мочниот меур, исто и за бубрежни заболувања.

Чај: 3-4 гр Ува во 2,5 дл врела вода, по 12-15 мин се процедува. Се пијат 3 вакви чаши меѓу оброците.     

Зајчев трн (Оnonis spinoza)
Eфикасно средство за лечење на урогенитален тракт! Потикнува излачување на урина, спречува создавање на песок и камен во бубрези и во мочен меур; елиминира вода од стомачна празнина, затоа помага и против гихт и хроничен реуматизам!

Чај од корен: 2 кафени лажици корен стои 30 мин. во 2,5 дл врела вода, процедуваме. Се пијат по 2-3 топли незасладени чаеви меѓу оброците.    

 

Слика: Зајчев трн; Slika: Zajčev trn
ЗАЈЧЕВ ТРН

Глуварче
Моќен диуретик, и природно средство за прочистување на крв. Синтетичките диуретици го излачуваат и драгоцениот Калиум – Глуварчето го чува, а самата билка содржи многу Калиум!

Чај: 1 кафена лажица ситно сецкани листови, стои 12-15 мин. во 2 дл врела вода, процедуваме 2-3 чаши на ден, 30 мин. пред оброк. 

Сируп од Миродија
Против дуење на стомак – зачинска билка, исфрла гасови од црева, диуретик е и се препорачува во лечење на бубрежни болести.

Сируп: 1/1 Миродија, Магдонос, Целер, Веприна и Шпаргла; во 2 дл чај се става 400 гр. мед. Се чува во фрижидер, по 80 гр на ден.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови