Диња или на латински Cucumis melo: 150 гр диња содржи 30% дневните потреби од витамин А и 78% од витамин Ц!

Опис и својства на Диња

Содржи многу влакна, умерено јаглени хидрати и малку масти.
Содржи антиоксиданси – Холин, Зеаксантин, Бета-Каротен (самата портокалова боја укажува на тоа) – кои се добра превентива од обични настинки па се до рак. Преку 90% содржина е вода и одлична е хидратација во летните денови. Семките се јадат, содржат протеини, влакна, Омега3 масни киселини во форма на алфа-линоленска киселина.

Здравствена корисност

Диња за здрави очи

Содржи важни нутриенти како, Бета-Каротен, витамин А, витамин Ц, Лутеин, Зеаксантин (делува антиоксидативно и штити око од УВ-зрачење). Научно е докажано дека недостаток од витамин А и Ц може да причини глауком и макуларна дегенерација на жолтата дамка на окото (дури и слепило), а дињата ги има овие витамини во изобилие!

Диња против Астма

Ризик од астма се намалува кај луѓе кои внесуваат бета-каротен преку храна; го има и во тиква, морков, спанаќ, кељ…Важен е и витаминот Ц- помага против губење на кислород и намалува ризик од алергиски реакции.

Диња против висок крвен притисок

Диња содржи калиум, витамин Ц, влакна и Колин, а тие се потпора за здраво срце.  Калиум помага телото да се ослободи од вишок Натриум и така намалува висок крвен протисок. Калиумот игра улога и во баланс на вода и на кисело-базна рам-нотежа, како и за неуромускуларна функција и за пренесување на електроимпулси до срцето! Калиумот намалува ризик од срцев удар и од губиток на мускулна маса, чува густина на коски и спречува настанок на бубрежен каменец.

Антикацерогено дејство

Антиоксидансите во дињата чуваат клетки од оштетувања и воспаленија кои можат да доведат до рак. Диња е добра превентива од настанок на рак на црева, простата, дојка, ендометриум, бели дробови и рак на панкреас. Содржи важни антиканцерогени соединенија Кукурбитацини!

Диња регулира варење

Диња лесно се вари и добро е да се јаде пред оброците; содржи ензими и добра е за особи со осетлив желудник. Превенира запек, исфрла токсини. 

Антивоспалително дејство

Содржи важен нутриент Холин за подобар сон, учење и памтење, како и за пренос на нервни импулси, искористување на масти, намалување на хронични воспаленија. Намалува оксидативен стрес и воспалителни процеси кои можат да предизвикаат артритис.

Воспаленијата во телото се поврзуваат со тн. Метаболички синдром (збир на метаболички пореметувања) кои се очитуваат како инсулинска резистенција, масно ткиво околу стомакот, висок ниво на холестерол, хипертензија…

Диња за здрава кожа и коса

Диња содржи витамин А кој е нужен за производство на себум кој ја хидрира кожата и косата и битен е за нивен раст, за чист тен, а штити и од УВ зрачење. Диња содржи витамин Ц кој игра важна улога во производство на Колаген, кој на кожата и косата им дава структура. Дињата е одлична помош против брчки и прерано стареење. Се користи и директно на кожа и коса, како маска или регенератор!

Семки и чај од диња

Семките се добри против бубрежни каменчиња и паразити.

Чај од цвет од диња се користи за искашлување.

Контраиндикации:
Ако користите бета блокатори или имате ослабени бубрези, диња треба да се јаде умерено.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови