ЕНДОМЕТРИТИС или воспаление на слузокожа на материца. 

Што е тоа ендометритис?

Carski-rez-endometritis
ЦАРСКИ РЕЗ

Честа појава по породување со царски рез, но се појавува и од други причини, главно од стафилококи, стрептококи, генокока, коли-бактерија, бацил на ТБЦ и други патогени клици.

Ризик се продолжено или отежнато породување, абортус, рачно одстранување на плацента, царски рез, заостанати делови постелица, големи количества мекониум во плодовата вода, инфекции на вагина, миоми, честа промена на секс партнер, полипи и карцином на материца… 

Симптоми

Продолжено менструално крварење, зголемена температура, зголемување на материцата, болка на притисок, непријатна миризба на крвта (лохија) која истекува од материцата по пораѓање, зачестено мокрење. 

Лечење на ендометритис

Ако воспалението не реагира на пропишана терапија се прави КТ (компјутерска томографија). Полесни форми на Ендометрија се лечат со мирување, со ладни облоги на долниот дел од стомакот, конзумирање на полесна храна, употреба на аналгетици и спазмолитици (против болки и грчеви). Потешките форми се лечат во болница со антибиотици. Подобрување има по 3-5 дена.

Фитотерапија кај ендометритис  

Корисни билки:

Русомача, Ајдучица, Мајчина Душица, Бел Слез!   

Bel-slez-endometritis
БЕЛ СЛЕЗ

За воспаление:

Мешаме 500 гр ливадски мед и по 100 гр Кантарион, Жалфија, Камилица, Чуваркуќа, женски Тегавец и 50 гр Цвекло (сомелено). Се зема 4 пати на ден по 1 супена лажица од смесата, а се пие и чај од Коприва!

Рецепти:

  • 1 кафена лажица Русомача во 2,5 дл врела вода и по 30 сек. се процедува и се пие. По 3 вакви чаши на ден.
  • Во 1 л. врела вода ставаме 4 супени лажици Мајчина Душица и инхалираме пареа секоја вечер.
  • Во микс од 150 мл вино и вода се вари 30 мин. 10 гр сув или 5 гр свеж корен бел Слез и 1 супена лажица мед;  се пие по 1 супена лажица секој саат (вкупно 2 чаши на ден).
rusomaca-endometritis
РУСОМАЧА


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови