Ешерихија коли е бактерија, дел од микрофлората во дигестивниот тракт (флора во црева…). Некои видови од оваа бактерија учествуваат во производство на витамин-К, кој помага варење и чува слузница на желудец од дејство на опасни бактерии!

Опис

Проблем настанува кога некои соеви од оваа бактерија се размножуваат премногу, настанува сериозна инфекција, па дури и смртен исход доколку не се лекува соодветно!

Така наречени „добри соеви“ на ешерихија коли мутираат – од нарушена работа на имуниот систем, од хронични инфекции и сл. Најчесто се воспалува уринарниот и дигестивниот тракт, а можен е и менингитис, поретко пневмонија итн.  

meningitis-esherihija-coli
МЕНИНГИТИС

Предизвикувачи

Расипана храна, инфициран зеленчук и овошје, загадено и термички недотретирано месо, несварено млеко и нечиста вода. 

Ешерихија коли – симптоми и манифестација

Најчести симптоми се: зачестено мокрење со пецкање во мочниот меур и мочните канали, со болки и притисок над пубичната коска; кај мажите поретко и во ректумот. Може да се прошири по мочните канали и бубрезите, со можна тешка и живото-опасна инфекција!!

Се манифестира со повраќање и пролив. Ешерихија коли уништува и црвени крвни зрнца – мора да се лекува за да не предизвика анемија, откажување работа на бубрези и крвава дијареја!  

Лекување на ешерихија коли

Уринарните инфекции се лекуваат со антибиотици и лековити чаеви, а стомачните тегоби со диета!

Антибиотик се одредува со антибиограм тест!

Ешерихија коли развива отпорност на некои видови антибиотици. Јаките антибиотици го слабеат имунитетот. Докторите најчесто препорачуваат уро-антисептици, со поголем внес на течности и јакнење на имунитетот.

Чај од Брусница со мед и прополис е одличен, исто и чај од Мечкино грозје, Магдонос, Пченкарна свила, Коњско опавче, петелки од Цреши (имаат и благо антибиотско дејство).    

meckino-grozje-i-esherihija-coli
МЕЧКИНО ГРОЗЈЕ

Исхрана кај ешерихија коли

Предност се дава на базните намирници – свежо овошје и зеленчук, лимон, просо, киноа, мед, тофу сирење, маслиново масло, билни зачини, суво грозје, рогач…

Да се намали на минимум: шеќер, месни преработки, газирани пијалоци, алкохол, кафе, разварена храна, рафинирани масла, млечни производи, јаки чаеви (црн, зелен).

Добро прија: Кефир и јогурт, матичен млеч, прополис, капки оригано, увин чај, босилек, магдонос.

Да се јадат:  интегрални житарки, храна со Цинк (грашок, сусам, семки од тиква), храна со Селен (индиски и бразилски орев). Пушење не!

Одлично делува: Праска, Кајсија, Вишна, Боровинки и Аронија. Попладне се пие свеж сок од спанаќ, брокула, магдонос, лимон.    

Народни рецепти кои помагаат кај ешерихија коли

  • Во 1 л. вода ставаме 30 семки Лубеница; загреваме и крчкаме 10 мин. По 1 саат се процедува и се чува во шише во фрижидер. Дневно се пијат 2-2,5 л., евентуално појачана со растворен витамински напиток, разматен во овој чај. Се пие 8 недели, а паралелно се пие и по 1 чај од Брусница секој ден.
  • Во 1 л. бело вино ставаме 4 гранчиња Рузмарин и 12 ситно сецкани чешниња Лук; стои на собна температура 8 дена, со проматување. Се процедува: се пие по 0,4 дл со по 5 капки Прополис и 5 капки сок од Лимон, наутро и навечер, пред јадење.
  • Рендаме 200 гр. корен Магдонос, додаваме 200 гр. мед и 2,5 дл маслиново масло и сок од 4 лимона; се чува во фрижидер, се зема по 1 кафена лажица наутро и навечер, пред јадење.                                                                                                                      
ruzmarin-i-esherihija-coli
РУЗМАРИН


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови