Жалфија или на латински Salvia officinalis била една од главните состојки за балсамирање на фараоните.
Состав
Содржи етерично масло, Салвиол, Салвен, Тион, Пинен, Цинеол, Борнеол, Камфор, Танин…
Жалфија – лековити својства
Прочистува крв, стимулира излачување на слуз од органите за дишење и од желудникот, така повторно се враќа апетитот кај заболениот. За дијабетичарите се препорачува смеса од еднакви делови на Жалфија и Ајдучка трева. Делува против воспаленија и има лековито дејство при воспаленија на црева, желудник, црн дроб, жолчка и мочни патишта.
Чај од Жалфија е одличен за гаргара против катар на грло и ждрело, при воспаление на крајници и слузница во уста.
Жалфијата помага лечење на ревматизам и гихт и на цела низа невролошки пречки кои одат со ова заболување. Ефикасно помага против грчеви, болести на рбетниот мозок, заболување на жлезди и тремор на екстремитети – при овие состојби, се пијат 2 чаши чај од Жалфија на ден!
Примена
Надворешна – против убоди од инсекти, зeмаме лисја од Жалфија, ги стискаме и директно ставаме на кожа.
Внатрешна – чајот е одличен против воспаление на крајници, болки во врат, гнојни воспаленија на заби, воспаление на ждрело и во усна шуплина. Чајот се препорачува како превентива и така ќе се избегне операција на крајници, како кај деца, така и кај возрасни. Отстранети крајници овозможуваат влез на отрови кои се потенцијално опасни за бубрезите.
Пареа од Жалфија помага при крварење од заби и клатење на заби, парадентоза, чиреви на забното месо. За оваа намена, се прави гаргара или се ставаат компреси од вата.
Рецепт за чај од Жалфија
1 полно кафено лажиче од билката прелеваме со 2 дл зовриена вода и оставаме да одстои 10 минути. Чајот има јак вкус и може да биде непријатен за пиење. Се пијат неколку чаши на ден.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови