Жолт копнеж (Жолт Жедник) или на латински Sedum acre.

Наш избор е жолт Копнеж, затоа што е лековит, а прилично е добар и за пчеларството. Билката е лековита и медоносна! Има и други видови, некои се дури и отровни (на пример, Остар жедник).

Опис, својства, состав

Билката цвета неколку месеци, од Мај до Септември. Цело лето е добар извор на нектар и полен за пчелите. Во нормални временски прилики, принос по кошница е 10-12 кг мед годишно. Медот е добар, има зелено жолта боја.

Билката најчесто се среќава по ридови и планини, на суви осончени каменити и пе сокливи осончени места, покрај потоци, реки и езера. Се размножува со семе.

Жолт Копнеж има изглед на жолт жбун. Изданоците кои избиваат угоре се кратки, до 15 цм долги, со разгранети стеблики.

Лисјата се вид резервоар за вода, затоа билката добро поднесува суша. Лисјата се дебели, сочни и мали, имаат јајчеста форма. Немаат дршки.

Цветовите имаат убава златно жолта боја, со сосем кратки дршки. Цветовите се разредени, стојат на врв на стебликите и формираат жбунеста форма.

Користење на жолт копнеж во народната медицина

Во народната медицина се користи, со напомена дека за нејзина употреба е најдобро најпрво да се консултира матичен лекар, поради можни негативни појави!

Од билката најчесто се прават мелеми против јадеж на анус и против хемороиди, како и за подобрување на мокрење и против хипертензија (висок крвен пририсок).

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови