Жолтица е појава кога кожата или белките од очите добиваат жолта боја, таа сама по себе не е болест, туку симптом на вистинско нарушување. До промена на бојата доаѓа кога голем број од телесниот пигмент билирубин ќе се собере во крвотокот.

Причинители

Жолтицата предизвикана од некоја болест главно е загрижувачка кај поголемите деца и возрасните луѓе. Вистинската причина во тие случаи често е цироза што е предизвикана од оштетување на клетките на црниот дроб што се заменуваат со лузнесто ткиво. Оштетениот црн дроб не може успешно да го преработува билирубинот и го испушта, па пигментот се собира во крвотокот.

Симптоми на жолтица

  • жолтеникава или зелена боја на кожата
  • темно обоена мочка
  • белките добиваат жолта боја
  • во некои случаи општо чешање

Дијагностички постапки

Запомнете: темнопортокаловата мочка или мочка со боја на чај може да укажува на жолтица дури и кога кожата изгледа здраво.

Лекување на жолтица

Најдобриот начин на лекување на жолтицата, по правило, е лекувањето на вистинската причина: соодветниот лек ќе ѕависи од природата и тежината на случајот.

Алтернативни начини за лекување на жолтица

Кинески лековити билки

Тие лекови може да ги подготват само експерти кои се занимаваат со лековити билки.

Лекување со лековити билки

Различни лековити билки, вклучувајќи ги и глуварчето (Taraxacum officinale), врбената (Verbena officinalis) и змиината трева (Silybum marianum) се употребуваат за лекување на жолтица.

Хомеопатија

Видот на препишаниот лек зависи од вистинската причина за болеста. Посоветувајте се со хомеопат за подготвување на лекот и количината која ви е потребна.

Обратете се на лекар ако:

Забележите жолтица кај себе, друго возрасно лице или дете кое оди во училиште; жолтицата може да биде знак за тегоби со жолчните камења или црниот дроб

Бонус совети:

Природен лек за болести на црниот дроб:

Во научната литература може да се најдат и потврди за намалување на проблемите со црниот дроб при редовна конзумација на артичоката. Пупката на артичоката се јаде како зеленчук, највкусна е кога е уште неотворена, се вари 30 мин. и се јаде како секој друг сварен зеленчук.

Едукативна занимливост

Црниот дроб има многу улоги:

  • ја создава жолчката за варење на мастите
  • помага во одржување на ниво на шеќер во крвта
  • создава крвни белковини
  • го помага згрутчувањето на крвта
  • го контролира создавањето и разложувањето на крвните зрнца
  • ги складира витамините
  • ги отстранува отровите
  • ја складира енергијата
  • создава топлина
  • уништува микро-организми


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови