Жуљеви најчесто се појавуваат на стапалата.

Алтернативен третман на жуљеви

Алое Вера

Сок од Алое вера е одличен природен лек за жуљеви; алое вера барбадесценс лесно се набавува или одгледува дома. Позната е по зараснување на рани, изгореници, исеченици и жуљеви. Од листот тече сок ако се откине, со тоа се мачка жуљот.

Алое вера гел

Мелеме во блендер неколку листа и тоа е тоа – се чува во фрижидер. 

Масло од алое вера

Сецкаме неколку листа алое вера и ги ставаме во шише; сипаме маслиново масло, стои 60 дена и се процедува. Се чува затворено во темна соба. Добро е за лечење на изгореници, исеченици, кожен осип и жуљеви.

Жолтика – берберис вулгарис

Жолтика користиме за инфициран жуљ; има антибактериски и антигабични својства. Тинктура или сок од Жолтика се користи директно на жуљот.

Внимание – билката има јако дејство, се користи во мали количини.

Кантарион

Кантарионот е една од ретките лековити билки со анти-бакетриско, анти-вирусно и анти-микотично дејство, со широк опсег на делување! Маслото од Кантарион е богато со Хиперицин, флавоноиди (делуваат анти-воспалително) и помагаат епителизација на кожа. Се нанесува на сите рани!

Превенција на жуљеви

Да се носат удобни и соодветни кондури и чисти чорапи. Тесни кондури со високи потпетици зголемуваат ризик за настанок на жуљеви. Тие почесто се јавуваат на влажна кожа, па ако често се потиме (при спортување…) чорапите почесто се менуваат. Има специјални чорапи за спортисти кои редуцираат потење на нозе. При подолги прошетки потребни се удобни чевли. Во градина, при копање, користиме ракавици и сл.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови