Зарипнат глас е чест здравствен предизвик за човекот, за која не веруваме дека некој не ја искусил во животот.
Опис и тек на проблемот
Ни се случило на сите многу пати да останеме „без глас“, по гласно пеење или од ладни напитоци, од воспалено грло и воспаленија на гласните жици. Често има масовни заболувања од грип и не е добро во услови на пандемија за овој проблем да се оди на лекар.
Често можеме и сами да си помогнеме!
Корона вирус пројавува овакви симптоми, но тие спаѓаат во третиот ред! Овој проблем, како и многу други, има индивидуален карактер. Некому повеќе помага една терапија, додека на друг пак некоја друга. Откријте ја вистинската за вас.
За што и да се решите, меѓу два третмана добро е грлото да го испирате со раствор на медицинска сода бикарбона: едно лажиче растопете во 150 мл млака вода. Потоа, исплакнете ја устата со млака вода. Помага и против лош здив. Сода бикарбона намалува желудечна киселина и др.
Природни рецепти против Зарипнат глас
Еве што е лесно достапно и што проверено помага!
Ленено семе
Одстранува промукнатост веќе по 1-2 третмана. Ставете 2 лажици ленено семе во 2 дц ладна вода, поклопете и оставете 45 минути. Промешајте секои 5 минути. Процедете и загрејте на тивок огин до пријатна топлина (не смее да биде жешко). Се пијат 3-5 шољи на ден.
Црн Слез кај Зарипнат глас
Ефикасна се покажала и оваа билка:
Ставете 2 лажичиња сув корен слез во 2 дл зовриена вода. Оставете поклопено 10-тина мин., потоа процедете. Билката има горчлив вкус, ставете 1 лажиче мед и испијте го чајот за 5-6 мин.. Се пијат 2 чаја на ден.
Морска сол и Прополис
Во 2 дл зовриена и потоа проладена вода растопете 1 лажиче крупна морска сол и додадете 25 капки 25% алкохолна тинктура прополис. Служи само за гаргара (не се пие!). Се прави 2-3 пати на ден. По 5-6 минути устата се плакне со млака вода. Помага при промукнатост, воспалено грло и против лош здив и бактерии во уста!
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови