Здравец, Ждралка или на латински Geranium macrorrhizum.

Опис, својства, состав

Постојат повеќе од 700 видови, но во терапевстки намени се користат само 10-тина. Билката е зељеста, повеќегодишна, висока до 40 см, со исправени стеблинки. На дното има многу лисја на долги петелки, во форма на розета, поделена на 5-7 режњеви, јајчести и крупно назабени.

Цветовите се упадливи, со црвеникаво љиљакова боја, стојат на долги цветни стеблики и кратки цветни петелки. Период на цветање е Април-Јуни.

Местополжбата им е воглавно на засенчени, а поретко и на сончеви места, особено на кречни места и по ридови. Се одгледува и како украсна билка. Се  размножува со семе.

Масло од Здравец

Најценет производ од билката – се добива од цветови од видот Pelargonium roseum. Има силна и интензивна миризба која подсетува на ружа и честа е состојка на скапоцени парфеми и други козметички производи. Поволно делува на здравјето. Билката се користи против воспаленија на слузница на органи за варење.

Ублажува депресија и тескобност – масло од Здравец (Гераниум) е еден од најјаките антидепресиви. Подобрува расположение, опушта и ублажува напнатост.

Анти-бактериско, анти-габично, анти-септичко дејство – особено е поволно за рани. Маслото зајакнува имунитет – поттикнува производство на имуно-клетки, кои уништувааат микроби. Маслото помага и против дишни тегоби – зачепен нос, воспалено грло или кашлица.

Здравствена корист на Здравец

Кожа – Здравец делува длабински на кожа, зараснува акни, против осипи, екцеми и дерматитис. Намалува видливост на лузни. Разредете масло од Здравец и со тоа чистете кожа или пак додадете го во вода за купка. Резултатот е одличен.

Кожа и коса – масло од Здравец има адстрингентно дејство – затега кожа, успорува стареење и намалува брчки. Одлично помага против сува и мрсна коса. Урамнотежува состојба на скалп, така што спречува претерано лачење на лој, но ако е темето суво, тогаш поттикнува лачење на лој! Во шампон ставете неколку капки масло!

Крварење – маслото запира крварење (анти-хеморагиско дејство) така што стеснува крвни садови и намалува доток на крв до рана, со истовремено стимулирање на згрутчување! Делува анти-бактериски и анти-вирусно, така помага лечење на рани и спречува инфекции. Масло од Здравец го има во многу средства против хемороиди.

Вишок вода во организмот – маслото олеснува ослободување на вишок вода преку мочен меур, така телото побргу се ослободува од токсични материи и соли, а тоа одржува крвен притисок во нормала.

Ниво на шеќер во крв – намалува шеќер во крв, корисно е и против грчеви во период на ПМС и други женски тегоби.

Начин на користење

Инхалации, локално и орално.

Нанесете неколку капки на вата или во распрскувач или мирисна светилка. Можете да накапете 4-5 капки во мал сад со вода на радијатор.

Етерични масло од Здравец може да се нанесе директно на кожа, но во комбинација со основно масло (масло од јојоба, бадем или авокадо). Разредување е задолжително за осетливи места – лице, врат, генитално подрачје.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови