Зелка или на латински Braccica oleracea – добро познат зеленчук за кој веруваме дека го конзумирате многу често. Во продолжение ќе прочитате и за некои од многуте нејзини лековити својства.

Црвена зелка

Побогата е со витамини и минерали во однос на зелената; чисти крв, богата е со минерали и така подобрува работа на метаболизмот.

Делотворна е против артроза, гастритис, колитис, замор, проблеми со акни, дерматоза, слабости на бубрезите, црн дроб и против затвор.

Добро прија на органите за варење – му помага на телото да лачи жолчка, а спречува и констипација (затвор).

Констипација, опстипација, запек или затвор
ПРОТИВ ЗАПЕК (констипација, опстипација)

Сок од зелка

Многу делотворен против чиреви во стомакот, особено против пептичен чир. Сокот од црвена зелка смирува кашлица, ублажува секреција во дишните патишта. Исто така намалува ниво на холестерол и на мочна киселина, чисти црн дроб (содржи многу Сулфур!).

Рецепти од зелка: 

3 мали чаши сок од свежа зелка на ден се најдобар лек и превентива за чир во желудник!

Лечи зарипнат глас, затоа многу оперски пејачи пијат 1 чаша несолена супа од зелка во која е уматена 1 жолчка!

Намалува знаци на стареење. Сокот содржи многу антиоксиданси и витамини – витамин А, Ц и Е, кои помагаат одржување хидрираност на кожа, ја прават мека, мазна и сјајна. Црвената поттикнува создавање на Колаген кој одржува здравје и дава свежина на кожа, на ткива и мускули во телото.

Оперски пејач
ПРОТИВ ЗАРИПНАТ ГЛАС

Намена и лековити својства на зелката

Билката и сокот се одлични за дијабетичарите –  контролира ниво на шеќер во крвта и содржи природен инсулин!

Билката има малку калории и јаглени хидрати, намалува чувство на глад (сок или салата од црвена зелка) и не зголемува телесна тежина.

Билката денес се конзимира на најразлични начини, од свежи салати до добро познати специјалитети (на пр. сарма), па до неодоливите зимски специјалитети т.е. туршија.

Листовите од зелка многу се користат во народната медицина, против многу тегоби.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови