Златница, Златошипка, Челеби гранка или на латински Solidago Virgo-Aurea – расте по рабови на шуми, во барички полни со вода и на поблаги падини, карпи и песоклива земја.
Опис
Расте до 1 метар во висина, има црвеникаво стебло со ситни жолти цветови насобрани во грозд. Во лето се собираат цветовите и малку од стеблото со неколку лисја. Цветовите се најлековити.
Намена
Златница помага против повраќање и проливи, астма, настинки, грип, воспаление на грло, сезонски алергии, туберкулоза и некои белодробни болести.
Контраиндикации: мора умерено да се користи, содржи отровни алкалоиди, а може да предизвика и црвенило на кожа, како и намалување на крвниот притисок.
Билни рецепти со Златница
За внатрешна употреба: чај од Златница
1 полно кафено лажиче цвет Златница се попарува со 250 мл зовриена вода, стои поклопено 20 минути и се процедува. Се пијат 1-3 чаши чај во текот на 1 ден.
Овој чај одлично помага за повеќето бубрежни заболувања, на пр. Хронична бубрежна инсуфициенција, Хидронефроза, разни воспаленија на бубрези и мочен меур, инфекции (Ешерихија коли, Коко-бацил…).
Намалува ниво на Креатинин и Уреа, топи камен и песок во бубрези и во жолчка.
Пиење на 1-2 чаја на ден, помага против нервна напнатост, раздразливост, подобрува сон и се препорачува на особи во состојба на психички стрес. Намалува крвен притисок. Врел чај потикнува потење (како и чај од Липа), мора да се лежи во кревет.
Бргу запира крварења од црева предизвикани од хемороиди!
Златница за надворешна употреба
За облоги за рани, кожни болести и изгореници, чиреви.
Рецепт: во 0,5 л. зовриена вода се ставаат 3 полни супени лажици Златница, стои поклопено 1 саат и се процедува. Натопени крпи се користат за облоги.
Рецепт за заболена Простата, мочен меур и бубрези
Добро мешаме 25 гр. лист лешник, по 20 гр. Златница, Коњско опавче, Свиленица (ситноцветна врбовка) и 15 гр. Шипка. Во 0,5 л. зовриена вода ставаме 2 полни супени лажици смеса, оставаме поклопено 20 мин., потоа се процедува.
Наутро и навечер, 30 мин. пред јадење, се пие по 1 чаша чај, во траење од 15 дена, потоа се прави пауза од 1 недела.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови