Калинка (Нар) или на латински Punica granatum е медитеранско дрво, кое во есен и зима раѓа плодови. Калинката помага кај многу заболувања: артритис, висок крвен притисок, рак на простата и дојка…
Состав
Содржи витамини Б1, Б2, Б3, Б5 и Б6, како и витамин А, Ц, Е, К, минерали – Калиум, Магнезиум, Фосфор, Калциум. Содржи силен антиоксиданс Пуникалагин, го има во сокот и корката, како и Пунична киселина која ја има во масло добиено од семките на Калинка.
Дејство
Антиоксидативното дејство на Калинката е трипати појако од црвеното вино и зелениот чај!!!
Антиоксидансите штитат од дејство на слободни радикали. Калинката има и силно антивирусно и антитуморско дејство. Секојдневна конзумација намалува ризик од настанок на многу хронични заболувања.
Калинка – примена
Спортистите го користат да подобрат издржливост, а им помага и на дијабетичарите.
- Калинката ја разредува крвта и спречува настанок на атеросклероза (зачепување на крвни садови), така намалува ризик од срцев удар. Подобрува доток на кислород во крвта.
- Со редовна употреба се намалува ризик од настанок на рак, благодарејќи на тоа што содржи полифеноли. Калинката и нејзиниот екстракт поттикнуваат уништување на канцерогени клетки т.н. Апоптоза, особено рак на простата, на дојка и на бели дробови. Спречува ширење на канцерогени клетки и делува против-воспалително. Ова трикратно дејство е голем борец против рак.
- Сок од Калинка е одличен против висок крвен притисок. Кај пациенти со стеноза (стеснета каротидна артерија) ризикот од мозочен удар е висок. Сокот од калинка намалува крвен притисок, а намалува и создавање на плак на артериите.
- Калинката намалува воспалителни процеси во зглобовите и рскавицата. Сокот помага против артроза на колена или остеоартритис, подобрува и подвижност во коленскиот зглоб.
- Полифенолите во сокот од Калинка имаат неуропротективно дејство. Кај постарите особи кои секојдневно конзумирале сок од Калинка, приметено е големо подобрување на вербално и визуелно памтење. Калинката помага и против Алцхајмерова болест!
Примена на Калинка во исхраната
Зрната од Калинка се ставаат во смути, овесна каша, јогурт, салати и др.
Сок исцеден од плодот трае најмногу 3 дена, доколку се чува во фрижидер. Најдобро е да се пие веднаш. Од Калинка се прават и ликери, џемови, сирупи, оцет, вино, слатки, желе…
За правење сок, потребни се плодови очистени од корка и лушпа, блендер и цедилка.
Цел плод, на собна температура трае 3-4 недели, а исчистените зрна можат и да се замрзнат.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови