Камилица или на латински Matricaria chamomilla е едногодишна билка, со стебло високо 20-50 см.

Опис

Лисјата се ситни, цветовите се во средина жолти и опкружени со бели латици. Правата билка внатре во цветот е шуплива, а не полна како кај дивиот вид (Бела Рада). Цветот има пријатна миризба. Листот и цветот се сушат на безбојна хартија, на отворен простор, во сенка. По 10-12 дена цветот станува крт, знак дека е добро осушен. Се чува во проветрени хартиени вреќички, никако во кеси, може да мувлоса.

Камилица – тераписка употреба

Чај од Камилица
ЧАЈ ОД КАМИЛИЦА

Не е отровна, а ниту шкодлива, затоа се користи и во медицината. Одлична е за сузбивање на воспаленија на кожа и слузокожа, изгореници, рани и чиреви. Добра е за клистрирање, за испирање на полови органи и оштетени места, како и за испирање на очи, уста, нос и уши и сите осетливи органи! 

Корисна е кај сите заболувања на црева и желудец, грчеви, дебело црево, подуеност, заболени бубрези, црн дроб и жолчка. Помага лечење на раздразливост, несоница, нервни заболувања и ревматизам.

Може да се користи и како тинктура (за испирање на уста при воспалителни појави и афти) и како етерично масло, кое е особено погодно за деца, со широка примена во фармацијата, козметика и во индустријата со парфеми.

Во ароматерапија се користи за лечење на грчеви, главоболки, акни, ублажување на изгореници, намалување на температура и лечење на депресија. Помага против алергии, анемија, коњуктивитис, воспалени тетиви и зглобови, за болки во мускули.

Камилица за поубава кожа 

Доволно е еднаш неделно да се измиеме со чај од камилица.

Камилица за кожа. Kamilica za koža
ЗА ПОУБАВА КОЖА – ПРИМЕНА

Рецепт за смирување

1 супена лажица цвет камилица прелеваме со 2 дл зовриена вода, стои поклопено 15 минути (за јак чај до максимум 60 минути), потоа се процедува.

Камилица за апетит

2 супени лажици Камилица прелеваме со 2 дл зовриена вода, стои поклопено 1 саат, потоа се процедува. Се пие ладен, 30 минути пред оброк. Чај од камилица не смее да се вари, ќе испарат етеричните масла.

Против опаѓање на коса

4 супени лажици Камилица прелеваме со 1 л. зовриена вода, стои поклопено 10 минути, процедуваме и чекаме уште 20 минути да се олади. Со ова се испира коса. Косата станува полна и сјајна. Се користи и за позлатување на светла коса, или пак за осветлување на црна или кафеава коса.

Купка за опуштање

2 полни раце Камилица прелеваме со 2 л зовриена вода, стои 10 мин., процедуваме и додаваме во када со топла вода. Се лежи во када 20 минути и веќе има подобрување на расположението.

Камилица за релаксација
ЗА РЕЛАКСАЦИЈА – ПРИМЕНА

Камилица при менструални тегоби

Полна рака Камилица прелеваме со 2,5 дл врело млеко, процедуваме и топли облоги ставаме на стомак. Болките бргу престануваат.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови