Кафе – вистини и заблуди.

Опис, својства, состав

Основна состојка на кафето е благиот стимуланс – Кофеин!

Природно го има и во многу орешести и бобичести плодови, во лисја на некои билки. Се внесува или со кафе или со чај. Според некои истражувања кафето не предизвикува хипертензија, ниту создава ризик од срцев или мозочен удар, а според други сосем спротивно. Кафето содржи витамини Б2, Б3, Б5 и минерали Манган и Магнезиум.

Здравствени бенефити на Кафе

Стимуланси зголемуваат активност на централен нервен соистем, подобруваат будност, концентрација и внимание. Но, оваа зголемена активност може да предизвика стеснување на крвни садови, а тоа води кон висок крвен притисок и количество на крв која поминува низ срце.

Силни стимуланси, на пример Кокаин, директно влијаат на состојба на крвни садови и на срце!

Два филџани кафе на ден:

Качуваат притисок за минорни 5 мм. Дејството не е трајно и се губи по неколку часови.

Доаѓа и до развој на толеранција на кафе, па ни 3-4 филџани не променуваат притисок. Според некои истражувања, кафето не предизвикува болести на срце, ни на крвни садови и нема поврзаност со ризик од мозочен или срцев удар!

Се смета дека 3-4 филџани кафе на ден за повеќето луѓе се безопасни. Тоа се 400 мг кофеин.

Според други истражувања, Кофеин зголемува лачење на хормон на стрес Адреналин и Норадреналин. Овие хормони помагаат бргу и соодветно да реагираме во случај на опасност, но кога непрекинато се излачуваат, стануваат потенцијално штетни по здравјето, на пр. да предизвикааат болести на крвни садови или да ослабнат имунитет.

Стручњаци препорачуваат да не пиете кафе ако патите од хипертензија или сте често изложени на стрес!

Против Хипертензија помагаат

Коензим Q10, магнезиум, лук и др.

Шетајте во природа на чист воздух, правете лесни вежби, медитирајте, избегнувајте стрес, јадете повеќе сирово овошје и зеленчук и интегрални житарки. Ограничете намирници од животинско потекло, внес на рафинирани намирници и шеќери, откажете пушење, цигари и алкохол.

Лековити својства на Кафе

Кафето е богато со антиоксиданси – Фенол-пропанонска киселина и полифеноли. Полифеноли се соединенија кои намалуваат ризик од кардио-васкуларни заболувања, дијабетес тип 2 и рак. Умерен внес на кафе намалува ризик од Паркинсонова болест, заболуваања на црн дроб и од рак на дебело црево!

Мелено кафе чисти заби, одстранува лош здив, чува заби од расипување и месо од трулење. Посипете сомелено кафе врз изгореници предизвикани од жешка вода, 2 пати на ден. Кафето помага против повраќање и против Колитис (катар во црева). Помага против труење со билката Кукута, Буника и кај труење со опиум.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови