Киселини во желудник – причини има повеќе, најчесто е поради нездрав начин на живот, лоши навики и неправилна исхрана.
Намирници кои предизвикуваат киселини во желудник
Постојат повеќе намирници кои предизвикуваат киселост и горушица. Избегнувајте ги, особено во вечерните часови.
Зачинета храна
Намалете или сосем исклучете ја од вашата исхрана, лесно предизвикува зголемена киселина и горушица во желудник.
Чоколадо
Богати се со масти, кофеин и какао, а тие се главни причинители за појава на зголемена киселина во желудник.
Газирани пијалоци
По тешко јадење, содата го помага варењето, но меурчињата се шират во желудникот, тоа предизвикува киселина. Треба да се избегнуваат сода и други газирани пијалоци кои содржат кофеин.
Пржена храна
Тешка е за варење, а може да предизвика и киселина и горушица.
Месо
Тешка храна за варење. Содржи транс-масти кои можат да бидат тешки за варење. Јадете помалку мрсно месо – риба, пилешко и мисиркино месо.
Млеко
Чаша сирово ладно млеко бргу смирува горушица. Обратно, чаша млеко после тешко јадење може да предизвика развој на киселина и горушица.
Сирење
Ако имате проблем со киселина, избегнувајте го! Мрсни сирења и путер можат да предизвикаат создавање на киселина во желудник.
Алкохол
Пиво и вино можат да предизвикаат создавање на киселина. Повремено, 1 мала чаша вино е здраво да се испие.
Кафе
Филџан кафе може да намали главоболка, но содржи кофеин кој предизвикува создавање на киселина.
Агруми
Тие се кисели (грејпфрут, портокал, лимон, мандарини). Можат да предизвикаат киселина или да ја влошат состојбата.
Храна која предизвикува киселина во желудник
Сувомеснати производи, говедско и свинско месо. Исто така кисела, солена и мрсна храна, и конзерви предизвикуваат киселина во желудник. Потоа, кисел (ферментиран) зеленчук, грав, леќа, сите видови сурова салата, пиперки, пржен компир, свеж леб, пецива, дебели резанци, лимонада, конзервирани овошни сокови, зачини, сладолед. Освен спомнатите предизвикувачи, непогодни се и лук и кромид.
Горушица е чувство на болка и горење во гради. Ја предизвикува желудечен сок кој се враќа нагоре кон хранопроводникот. Од горушица особено страдаат трудници.
Состојбата се ублажува со лекови, но најдобро е да се внимава на исхраната. После оброк, избегнете лежење и виткање во струк. Избегнувајте оброци по 19 часот навечер. Доведете ја телесната тежина во нормала.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови