Клека или на латински Juniperus communis во народната медицина е многу ценета билка, препознатлива по својот мирис на балзам. Одамна се користеле нејзините лековити својства кај многу заразни болести.

Опис

Зависно од местоположбата, расте како грмушка, но и до неколку метра висина. Честа е на карпести терени. Сите делови се лековити, а особени плодовите. Се собираат од есен до зима, се сушат на место со провев, распостелени во тенок слој, со почесто превртување и мешање. На ист начин се постапува со игличките и врвовите на гранчињата. Сувите делови од билката се чуваат на суво место.

Клека
КЛЕКА

Состав

Плодот содржи смоли, танин, восок, органски киселини и нивни соли, како и бројни минерали, особено Калциум, Калиум, Манган, Сулфур…

Во 100 гр плод Клека има дури 97 мг витамин Ц!!

Својства и лековитост

Одличен диуретик, регулира работа на бубрези и стимулира исфрлање на урина и органи за варење, а помага и кај воспалителни процеси на желудник и црева. Делотворна е против настинки, кашлица, астма, стомачни тегоби, потење, па дури и гонореја. Има и бактерицидни својства, затоа се користи и помага кај инфективни белодробни болести.

Против забоболка толчиме плодови и ги ставаме на болното место и на чело.

Од клека се прави прочуената ракија Клековача, која се пие, но се користи и за облоги против настинки и ревматизам.

Употреба – напомени

ВНИМАТЕЛНО: Клека мора внимателно да се користи, претерана употреба може да оштети бубрези!

Може да предизвика и контракции и не е добра за трудници!

Етерично масло од Клека

Многу е ценето, во мали дози олеснува искашлување, како и за инхалација на дишните органи. Продира длабоко во кожа, па се користи и против ревматски болки. Особено поволно дејство има на зглобовите. 

Болки во зглобови
БОЛКИ ВО ЗГЛОБОВИ

Рецепти

Сируп од Клека

Подобрува апетит. 0,5 кг плод Клека кратко се проварува во 3 л вода и плодот потоа се гмечи и пак се проварува, со додавање вода по потреба. Смесата се процедува низ сито и се остава да се олади. Се додава мед и така настанува сируп. Сипаме во тегли и се чува затворено.

За подобрување на апетит кај деца, се даваат три пати на ден по 1 кафено лажиче сируп, за возрасни по 2 кафени лажичиња.

Чај од клека

1 кафено лажиче изгмечен плод се попарува со 2 дл зовриена вода и се остава поклопено 7-10 минути. Се процедува и течноста (чајот) се пие, најмногу две чаши на ден! Чајот може да се заслади со малку мед.

Доколку се пие против дијабетес или за заболен желудец и црева чајот не се засладува!

Особи со осетливи бубрези не треба да пијат ни чај од Клека, ни други препарати добиени од Клека поради присутен Терпентин, кој може да предизвика дразнење и воспаление на овие органи.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови