Причините за појава на Купероза не се до крај разјаснети. Појава на црвенило и испукани капилари на лицето можат да бидат симптоми на овој проблем.

Најефикасни третмани за Купероза се покажале рецепти со:

Алое

Странично сечеме лист од алое и го оставаме во фрижидер 3 дена. Кожата најпрво се чисти со одвар од зелен или од црн чај, потоа со исечената страна на листот се мачка лицето. Може малку да запецка, но тоа исчезнува по неколку мачкања.

Овој третман се прави секој втор ден, вкупно 1 недела.

Зелен домат кај Купероза

Секој ден, во рок од 10 дена, ставаме облоги од исечени кришки зелен домат. Содржи киселини кои активно делуваат и сузбиваат купероза.

Стои 3 минути, потоа на лицето се мачка хранлива крема.

Магдонос

Една полна рака лист од магдонос прелеваме со 1 дл зовриена вода. Оставаме да одстои поклопено 30 минути. Процедуваме и додаваме 50 мл млеко. Потопуваме памучна ткаенина, малку ја цедиме и мачкаме на лицето. Стои 20 минути.

Ова се прави секој ден, 3 недели. Се повторува по потреба.

Жалфија кај Купероза

Правиме лековито млеко од Жалфија:
4 супени лажици сува Жалфија прелеваме со 2 дл зовриена вода. Стои поклопено 10 минути. Процедуваме и мешаме со 2 дл млеко.

Нанесуваме со тупфер на чисто лице, стои 10 минути, па со млекото го миеме лицето. Потоа, лицето се мие со ладна вода 3-4 пати.

Ова може да се прави секој ден, се до видливо подобрување.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови