Левкореа или познато кај народот како бело перење е често искуство кај жените.

Се јавува во секоја возраст. Најчеста причина е инфекција на гениталните органи. Пообилен секрет од вагината може да се јави со јадеж и печење и непријатна миризба, а може и да не пројави симптоми. Во секој случај, ако е секретот пообилен, ги валка долите алишта и предизвикува локални тегоби, може да се проба со редовна вообичаена хигиена, но ако тоа не помогне потребно е да се оди на лекар.

Што е тоа левкореа или бело перење?

За одржување влажност и нормална флора на вагина слузокожата на вагината лачи безбојно-беличеста течност чија продукција се зголемува во тек на овулација и пред неа. Тоа е заштитна бариера и спречува продор на штетни микроорганизми во репродуктивните органи. Но, ако оваа флора се поремети, надираат бактерии и предизвикуваат воспаление, па слузницата од оваа регија лачи повеќе секрет за да ги совлада штетните микроорганизми и доаѓа до бело перење.

Изглед

Пореметувањето се манифестира во вид на густ исцедок со бело-жолтеникава боја и непријатна миризба, пропратено со свраб, а последица е воспалена материца, вирусни и габични заболувања, стрес, па дури и од некои лекови! Зголемен вагинален секрет може да е и од механички иритации (тесни пантолани), долен веш од синтетика или од вагинални влошки, од лоша циркулација…Ако лабораторискиот наод не покажува патогени бактерии во исцедокот, проблемот може да се реши со хигиена и со фитотерапија. 

Причини за левкореа или бело перење

Левкореа е најчесто предизвикана од пад на имунитет, зголемен стрес, недоволно спиење, лоша исхрана, нервна напнатост. Жени дијабетичари се особено загрозени. Настанува и од хормонска нерамнотежа, од контрацептивни пилули и користење спирала.   

Kontraceptivni-piluli
КОНТРАЦЕПТИВНИ ПИЛУЛИ

Зголемен вагинален секрет може да се јави непосредно пред или за време на менструалниот циклус, во бременост, во менопауза – поради природно пореметување на хормонско ниво. Чест причинител на Левкореа е и лоша исхрана (премногу млеко, бело брашно и ориз). Зачинета и мрсна храна, многу бел шеќер го зголемува овој проблем. Храна која содржи прости јаглехидрати зголемува киселост на вагина, а тоа е идеална подлога за штетни бактерии. Промена на исхрана често знае да ја стопира Левкореа-та!

Хигиена на вагина

Вагината е најдобро да се мие со млак чај од Камилица со неколку капки прополис (или со млака вода). Да се носи памучна долна облека и квалитетни влошки за добра вентилација. Тампоните да се менуваат на секои 3 саати.       

  • 2 супени лажици ситно сецкан лист Жалфија и по 1 супена лажица цвет од Бел Слез, лист Коприва, лист Капина, цвет Бозел, лист и цвет Ајдучица и Кантарион, цвет Камилица и кора од Врба; сето оди во 1,6 л врела вода и по 90 мин. процедуваме. Се пие по 2 дл пред јадење, остатокот служи за испирање со иригатор сабајле и навечер. Ова се прави 10 дена, секоја втора вечер.
  • По 2 супени лажици лист и цвет Ајдучица, лист Коприва, цвет Невен и Бозел; стои 2 ч. во 1,6 л врела вода, процедуваме. исто како првата под-точка, се прави 4 пати.    
Salicis-cortex-kora-od-vrba
КОРА ОД ВРБА

Природна помошна терапија кај Левкореа

Чај за бело перење

Најчесто користен рецепт: се прави смеса од  30 гр Вирок, 30 гр Невен, 40 гр мртва бела Коприва, 20 гр Водопија, 30 гр Ајдучка трева  и по 20 гр Русомача, Жалфија и Руевина (rhus cotinus). Едно кафено лажиче смеса од наведените билки се попарува со 2,5 дл зовриена вода и по 5 минути се процедува. Се пијат две вакви чаши топол чај на ден, засладен со мед. Се пие седум дена.

Купка за бело перење

Рецепт: Состојки – 40 гр лист и цвет Ајдучка трева и цвет од Камилица и по 10 гр Жалфија и лист Коприва, сите билки се мешаат, се земаат 4 супени лажици, ги прелеваме со 1 л зовриена вода. Стои 15 мин и потоа со течноста се прави измивање. Ова се прави секој ден, се до воспоставување на нормална вагинална флора.

Кај инфекција на грло од матка: испирање со чај од Жалфија, тампони со кантарионово масло со 5-6 капки Прополис. Посета на гинеколог!


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови