Леукемија е малигно заболување, карактеристичнo по пореметено размножување и созревање на крвни клетки, главно леукоцити и нивни матични клетки во коскена срж, лимфни органи, а често и во други органи.

Науката вели дека најверојатен причинител на Леукемија се вируси, чие што дејство е потпомогнато со наследни генски и некои надворешни фактори (јонско зрачење, хемиски соединенија и сл.).

Видови Леукемии

Според траењето, леукемијата се дели на акутна и хронична, а според видот на клетките се дели на гранулоцитна, лимфоцитна и моноцитна леукемија.

Акутна леукемија нaгло почнува и обично завршува со смрт, за неколку недели или месеци. Хронична лимфоцитна леукемија е најчеста кај постари особи.

Симптоми на Леукемија

Зависат од подтипот. Личноста е склона на почесто заболување, со намален имунитет, особено со инфекции пропратени со висока температура. На леукемија укажува и бледа кожа на лице, анемија, хроничен замор и краток здив.

Понекогаш докторите успеваат да ја излечат оваа опасна болест со радикални методи. Најважно е рано да се постави дијагноза и да се следат упатства на лекарите!

Со дозвола и под надзор на лекар, може да се користат и помошни природни средства.

Природни средства при лекување на Леукемија

Препарат со пченица

Постојат многу сведоштва за делотворноста на овој лек; нема никакви непожелни ефекти и секој може да го проба.

Рецепт – засејте 1 рака органска пченица во помал сад и штом зазелени уберете ја. Млада пченица се става во блендер со 4 дл вода и 2 коцки лед; кашата процедете ја низ двојна газа. Сокот помага во борба против рак или леукемија. Се пие секојдневно, 2 пати на ден, подолг период. За подобар вкус, додадете сок од јаболко.

Напиток од Иџирот

Се препорачува, додека трае терапијата и лечењето, да се пијат по 6 голтки чај од Иџирот, секој ден. 1 рамно лажиче исецкан корен од Иџирот потопете навечер во ладна вода. Наутро се загрева и се процедува. Се пие по 1 голтка чај пред и по секој главен оброк!

Чај

Направете смеса од по 30 гр Коприва, Невен, изданок на Бозел и Росопас, по 25 гр Суручица, Ивањско цвеќе и Ајдучка трева, по 20 гр Пелин и Разгон, и по 15 гр Кантарион и корен од Глуварче. Билките по можност да бидат свежо набрани или барем Копривата (делотворна против повеќе видови анемии).

Земете 1 лажиче смеса и сипете во 250 мл жешка вода, по 10 минути процедете. Се пие во голтки во рок од 20 минути. Треба да се испијат 8 шољи на ден.

Цвекло

Цвеклото е делотворно против леукемија и тумори. Секој ден треба да се јаде 0,5 кг свежо и сомелено цвекло, паралелно со пропишана здравствена диета за подобрување на имунитет, со додаток на витамин Ц.

Цвекло треба да се јаде веднаш по дијагностицирање на болеста, а со тек на време количеството по малку и постепено може да се зголемува.

Вкусот на цвеклото може да се подобри со додавање на сок од морков и/или јаболка. Сокот се пие малку  разладен.

Напиток и облоги од Шведско гранче кај Леукемија

1 лажица напиток од билка „шведен битер“ (шведска горчица) се разблажува во 1 чаша чај од билки. Напитокот се зема три пати на ден, пред секој главен оброк, со консултација и одобрение од лекар кој ја следи вашата болест.

Облоги од „шведен битер“ се ставаат врз црн дроб и слезина, стојат 4 часа, секој ден, како и во комбинација со облоги од Коњско опавче.

Користете што почесто и што повеќе компот од Јаболка!

Избегнувајте намирници кои содржат киселини, јадења со силни зачини, сувомеснати производи и мрсно месо!  


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови