Лук или на латински Аllium sativum се става во многу јадења, а се користел и се користи за лечење на настинки и грип, намалува ризик од развој на дијабетес и кардиоваскуларни болести.

Хранливост

Богат е со витамините Ц, Б6, Калиум, има и витамин А, К, фолати и минерали, железо, магнезиум, фосфор, цинк, селен…малку калории, протеини и јагле-хидрати. Сулфурните соединенија кои ги содржи лукот му го даваат вкусот, аромата и низа лековити својства.

Лук – својства и употреба

Влијае на нивото шеќер во крв

Со почитување на основните препораки, помага во контрола на шеќер во крв, содржи Манган, кој има хипогликемиски ефект кај заболени од Дијабет.

Намалува синтеза на холестерол во црниот дроб

Неговите состојки запираат ензим битен во формирање на холестерол.

Лук против лош холестерол. Luk protiv losh holesterol
ЛУК ПРОТИВ ЛОШ ХОЛЕСТЕРОЛ

Лук за помал ризик од кардио-васкуларни болести (…срцев и мозочен удар…)

Регулира крвен притисок, намалува лош холестерол. Неговите состојки инхибираат агрегација на тромбоцити, што е прва фаза во формирање на крвни згрутчувања, кои можат да запушат срце и церебрални артерии. Превенира настанок на атеросклероза, делува како дилататор на крвните садови со што индиректно го штити срцето.

Атеросклероза и Лук
АТЕРОСКЛЕРОЗА

Антивоспалително дејство

Хронични воспаленија носат ризик од болести – дијабетес, кардиоваскуларни болести, реуматоиден артритис и некои видови рак. Лабораториски е докажано дека состојките во лукот намалуваат формирање на инфламаторни молекули.

Лук за здрав гастро-интестинален тракт

Лукот има антимикробни и пребиотички својства и одржува здрава цревна флора. Делува против цревни паразити, забрзува апетит и варење, делува против напнатост.

Намалува ризик од Алцхајмерова болест и деменција

Лукот инхибира настанок на артерио-склеротични промени, одржува когнитивно здравје.

Анти-бактериско дејство

Го открил Луј Пастер 1858 г. Во двете светски војни е користен како антисептик за спречување на гангрена. Лукот има силно антимикробно дејство, екстракт од Лук е ефикасен против Хелико бактерија – еден од факторите за настанок на рак на желудец.

Лук за јак имуносистем

Лукот има антивирусно дејство, затоа помага против настинки, а ублажува и кашлица и хроничен бронхитис. Намалува период на опоравок.

Анти-канцерогено дејство

Состојките на лукот ги инхибираат ензимите на првата фаза – кои се уклучени во формирање на метаболити со канцерогено дејство, при што ги покренува ензимите на втората фаза, кои ги фаќаат и отклонуваат канцерогените метаболити и запираат делба на канцерогени клетки, а тоа доведува до нивно самоуништување (Апоптоза).

Силно анти-оксидативно дејство

Штити тело од штетни оксиданси, меѓу кои се најчести т.н. Слободни радикали. Слободните радикали уништуваат здрави клетки и ги претворуваат во канцерогени, а добриот холестерол го претвораат во штетен. Телото само произведува антиоксиданси, што зависи од наследени фактори, од влијание на околина, од исхрана, пушење и сл.

Лук како додаток во разни специјалитети
ЛУК КАКО ДОДАТОК ВО РАЗНИ СПЕЦИЈАЛИТЕТИ

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови