Мак (семе од афион) или на латински Papaver somniferum – одамна се користел од страна на луѓето како средство кое одстранува болки – бил обожаван, забрануван и злоупотребуван. Народната медицина го користела и го користи за смирување, против несоница и грчеви.
Опис и својства
Современите истражувања потврдија дека Макот регулира крвен притисок и го штити кардиоваскуларниот систем. Производите од Мак ослободуваат од болки.
Морфиум и Кодеин се добиваат од него.
Макот се користел како аналгетик, против кашлица, како афродизијак, адстрингент, како средство за смирување и како бактерицидно средство, за воспаленија, потење, астма, како седатив, против катар, пролив и дизентерија.
Исто така, се користел против анемија и висока телесна температура, коњуктивитис, главоболки, мигрени, хипертензија, несоница, маларија, ревматизам, изостанок на менструација, и сперматореа, против чиреви и тумори.
Го давале за жал и на бебиња за да не плачат.
Во почетокот на 19-от век тинктура од Мак под име Лауданум, повеќе се користела отколку денес Аспирин.
Мак – состав
Во 100 гр семки од Мак има 533 калории, 45% масти, 24% јаглени хидрати и 18% протеини. Богат е со Тиамин, Пиридоксин, како и со фолна киселина (витамин Б9), со Рибофлавин и витамин Е.
Од минералите е богат со манган, бакар, калциум, фосфор, магнезиум, железо и цинк. Макот е богат со влакна и со незаситени масни киселини, како и со Фитостероли. Особено се нагласуваат незаситените масни киселини.
Линолна киселина е есенцијална Омега-6 масна киселина која организмот не може да ја синтетизира. Ја има во клеткините мембрани на билките, каде учествува во нивната изградба, потикнува апсорпција и транспорт во масти растворливи витамини А, Д, Е и К.
Корисност
Научните сознанија упатуваат дека учествува во процес на успорување на развој на Мултиплекс склероза. Помага и во заштита од кардиоваскуларни заболувања, во регулирање на крвен притисок и згрутчување на крв.
Се применува и за лечење на кожни заболувања и на воспалителни процеси.
Олеинска киселина е мононезаситена масна киселина, која и припаѓа на групата Омега 9. Оваа киселина не е есенцијална и човечкиот организам делумно може да ја синтетизира.
Може да учествува во процес на успорување на развој на рак со дејство на генетско ниво.
Рецепти за исхрана со Мак
Најчесто се користи во колачи и пецива, но и во солени јадења. Леб и млечни пецива главно се посипуваат со Мак.
Пробајте на тесто за медитеранска погача (Фокача), наместо Рузмарин, да ставите динстан лук, нарендан Пармезан и Мак или во помали калапи исечете готови тортиљи и премачкајте ги со смеса од јајца, малку вода и сол, посипете ги со Мак и печете на 180 степени околу 15 мин.
За ладни сендвичи, измешајте Мак со Мајонез и со малку Сенф, а за топли подгответе смеса од путер, сенф, исецкан кромид и мак, распоредете врз сендвичи со шунка и сирење и запечете ги кратко во рерна.
Во комбинација со растопен путер, прелејте мак преку Њоки или Равиоли полнети со Рикота, со додаток на презла. И во фил од праз и Коморач за солена пита од тесто, можете со нарендан пармезан, да додадете и 1 лажица семки од Мак.
Претходно препечен Мак можете да ставите и во преливи и салати. Прелив од вински оцет, сол и бибер, маслиново масло, помешајте со семки од мак и прелијте преку салата од варено пилешко месо.
Варени тестенини, шпаргли, млад лук и димен лосос можете да прелиете со салатен прелив на база на мајонез и павлака со додаток на мак.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови