Кај маски за лице општо е правило да лицето претходно се исчисти, пределот околу очите да остане слободен, маска се нанесува и на врат и на деколте, а маски кои се сушат на кожа се мијат со млака вода!
Маски за лице против митесери и бубулици
Ако имате кожа на лице склона на акни, бубулици и црвенило, негата мора да е редовна и посебна. Иситнете свеж квасец и помешајте го со млако млеко. Нанесете на лице. Штом зацврсне измијте со млака вода. Оваа природна маска чисти и освежува кожа. Поволно делува на кожа склона на митесери и бубулици.
Рецепти за природни маски за лице
Рецепт за рамнотежа на масност на кожата
Измешајте добро ¼ домат без семки, 3 лажичиња јогурт, по 1 лажиче краставица и алое гел, 2 здробени лисја мента и 3 лажичиња овесно брашно. Уедначена смеса се става на лице и по 10-тина минути се мие со млака вода.
Oсвежувачка маска
Прв рецепт:
Измешајте 1 изгмечен свеж компир со малку млеко и 1 жолчка. Ставете на лице и штом се осуши, измијте со млака вода.
Втор рецепт:
сварете 2-3 моркова и испасирајте ги; измешајте со 5 лажици мед. Ставете на лице и по 10 минути исплакнете со ладна вода.
Рецепт за маска против Бубулици
Помешајте сок од 1 домат и 2 лажици јогурт. Нанесете на лице. По 15 минути измијте со млака вода. Одлична маска против бубулици!
Втор рецепт: 1 лажица ситно исецкан пивски квасец загрејте малку на пареа. Наутро намачкајте врз бубулици, повторете после ручек и навечер. Истовремено пијте по 150 мл сок од морков, после јадење. Бубулиците ќе се изгубат за 5-6 дена.
Маски за лице против акни
Прв рецепт:
Добро измешајте 3 лажици јогурт, по 3 прстофата ружини латици, Слез и Жалфија и 4 главици Камилица. Оставете 15 мин. и намачкајте на лице. По 20 мин. се мие со млака вода.
Втор рецепт:
Изгмечете зрела банана и помешајте со 1 лажица мед, да се добие густа смеса. Нанесете на лице и по 10 мин. измијте со ладна вода. Иста маска на ист начин се прави со јаболка и со мед. Иста примена.
Маска за црвенило на лице
Измијте 2 главици салатка и проварете ги во 1 л вода. Процедете по 10 мин. Со ладен процедок повеќе пати во денот (5-8 пати) мијте лице прошарано со ситни капилари, или е склоно на навала на крв во капилари (предизвикуваат црвенило!).
Маска за осетлива кожа склона на црвенило
Добро измешајте 2 лажици младо сирење со 1 лажица мед. Нанесете на лице и по 20 мин. измијте со тупфер натопен во топло млеко.
Маска за сува кожа
Сува кожа мора да се хидрира. Користете хидратантни креми. Кожа негувајте со маски наменети исклучиви за сува кожа: нарендајте 1 морков, помешајте со ½ лажица бадемово масло и 1 лажица млеко и нанесете уедначена смеса на лице. По 30 мин. измијте го лицето со млака вода.
Маска за мрсна кожа
Измешајте 1 лажица гриз со 1 белка од јајце и намачкајте на лице. По 20 мин. измијте со ладна вода.
Aко те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови