Нане или на лат. Mentha е позната билка за сите нас. Најпознати видови се Класесто и Папрено Нане, инаку, ги има повеќе од 200 вида.

Состав, својства и изглед

Содржи многу Ментол и по миризбата лесно се препознава. Ментол активира осетливи рецептори за ладно на кожата и дава чувство на ладење. Се користи во многу пасти за заби. Помага против болести на гингивата (месото околу забите) и лош здив, одржува орално здравје. 

Содржи витамини А и Ц, рузмаринска киселина и др. кои зајакнуваат отпорност на воспаленија и на инфекции. Намалува симптоми на настинки и сува кашлица и развој на воспаленија. Ублажува алергии и астма. Облози од Нане се ставаат против осипи, а чај се инхалира и прочистува дишни патишта.

Содржи и Перилилен алкохол кој навестува превентивно дејство од настанок на рак на дебело црево, на кожа и на бели дробови. Редовно пиење на чај од Нане намалува влакнетост по телото, предизвикана од лачење на машки полови хормони. 

Нане – здравствена намена

Смирува систем за варење, намалува болки во желудник и црева, ублажува разни грчеви и мачнини, особено тие предизвикани од патување. Има диуретско дејство, забрзува метаболизам, намалува апетит и забрзува слабеење.

Нане ублажува стрес – содржи многу Триптофан од кој настанува серотонин кој подобрува расположение. Намалува главоболки и желудечни тегоби настанати од стрес. Подобрува спиење.

Чај од Нане

1 кафено лажиче Нане се прелева со 2 дл зовриена вода, стои 5-10 мин. и се процедува. Се пие тазе направен чај, може со малку мед и сок од лимон.

Етерично масло од Нане

Содржи витамини А и Ц, Омега-3 масни киселини, железо, манган, магнезиум, калциум, калиум, бакар. Има слично дејство како и чајот од Нане.

Службено се користи во медицината за лечење на мигрена, ревматски тегоби, јадеж на кожа, алергиски воспаленија на кожа, подуеност, иритабилно дебело црево, настинки, кашлица. Се зема орално и при тегоби со жолчка и акни.

Делува и на воспалени мускули – во 1 супена лажица маслиново масло накапуваме 5-6 капки етерично масло од Нане и со тоа се прави масажа. 

Берба

Нане се бере пред самото цутење. Се суши во ладовина, а се чува во добро затворени тегли на темно место.

Нане во исхраната

Одличен зачин во супи и јадења од зеленчук, во освежителни пијалоци. Се додава и во јогурт, се меша со домат, краставица, грашок, ананас, диња, портокал и др.

Внимание:
Треба да се внимава на количеството испиен чај, преголеми дози можат да предизвикаат пролив, грчеви, болки во мускули, осипи, поспаност. 

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови