На добра ментална форма, добро памтење и концентрација или „ФИТ МОЗОК“ треба да обрнe внимание оној кој учи, сака да учи – но и сите останати.

Опис

Компјутери, телефони и таблети се добар извор на податоци и не се трудиме да ги памтиме работите. Со тек на време се губи моќ на разликување на битно од небитно. Памтењето се подобрува со физичка активност, правилна исхрана и со некои додатоци.

Исхрана за подобро памтење

Треба да содржи фолна киселина; јадете свеж лиснат зеленчук, кикирики, житарки… Витамин Б9 одржува здравје на мозочните клетки и циркулација на крв во мозок. Неопходен е и Холин, одржува функција на неуроните во мозокот, а тоа е основа за добро размислување и учење; го има во Зелка и Карфиол, во зрна од Соја…

Приправоци за концентрација

Го препорачуваме следниот приправок: измешајте добро 750 гр мед со 100 гр сомелен полен, 8-10 гр матична млеч и 20 мл прополис раствор. Се зема по 1 лажиче пред доручек секој ден. По потреба, може и навечер. Подобрува когнитивни функции, а помага и на особи кои прележале некоја болест.

Билни чаеви кои помагаат за памтење

Чај од Кокотец

2 лажичиња Кокотец (Melilotus officinalis) прелеваме со 2 дл жешка вода и оставаме да одстои 1 саат. Се процедува и се дели на 3 шољички кои се наменети за 1 ден, со малку мед

Чај од Тимијан

1 шоља чај од тимијан на ден е доволна да се подобри памтењето – 1 лажица лист и цвет се попарува со 2 дл жешка вода, по 10 минути се процедува. Се засладува со мед

Чај од Копар

1 лажица семе од Копар се прелева со 2 дл жешка вода, стои 1 саат и се процедува. Се зема 4 пати на ден по 1 лажица чај

Чај од Јеребика

5 лажици мелена корка од Јаребика (Sorbus aucuparia) се прелева со 0,5 л вода, се загрева да врие тивко 2 саати. Се процедува. Се зема по 1 мала ракиена чашка, пред главните оброци. Се пие два месецa

Чај од Рузмарин

Рузмаринот има сестрана употреба – како чај, етерично масло и купка. 2 лажичиња се варат 2 минути во 150 мл вода; се процедува и се дели на 2 чаја за во 1 ден

Чај од Жен-шен

Жен-шен се препорачува на особи изложени на умствен и физички напор. 1 лажиче сув корен се попарува со 2 дл жешка вода и по 10 мин. се процедува

Чај од Шафран

½ гр Шафран се става во 2 дл ладна вода, се загрева до вриење и се трга од оган. По 10 мин. се процедува. Се пијат најмногу две чаши чај на ден, со малку мед

Чај од пченични никулци

Пченични никулци – 1 лажица пченични никулци се прелева со 2 дл жешка вода; по 1 саат во одварот се додава уште 2 дл жешка вода и се остава 10 минути. Се дели на 3 дела, се конзумира пред главните оброци

Чај од Оман

50 гр корен од Оман прелеваме со 0,5 л лозова ракија. Стои месец дена. Се процедува. Се зема по 1 мала ракиена чашка, еднаш дневно. Се пие два месеца

Чај од Диво Оригано

Помага и чај од диво Оригано, со малку мед

Општи совети за памтење

Потребно е доволно да се спие, по можност легнување и будење во исто време, да се избегнуваат негативно настроени луѓе и да се избегнува стрес. Секако и умерена физичка активност (секој според можностите).


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови