Пашканат или на лат. Pastinaca sativa отпорен кртолест зеленчук кој успева во умерена клима.

Опис, својства и состав на Пашканат

Двогодишна билка, коренот е сличен на Морков, но има сосем светла боја. Сезоната му е од есен до пролет. 

Содржи активна материја Пастинацин, кој делува против грчеви и шири крвни садови. 

Не содржи масти и холестерол, има белковини, натриум, јаглени хидрати, целулоза, цинк, манган, бакар, фолна киселина, витамини ПП, А, Б, Е, а содржи и диететски влакна, малку шеќер и протеини, витамин Ц, калциум и железо.

Кога се купува, треба да се бираат тие средно големи или помали, без кафеави дамки и чудни брчки; поголемите плодови се пофиброзни. Во фрижидер се чува неизмиен, во хартија. Се чува на темно и суво место.

Намена во исхраната

Млад и ситен Пашканат не се гули, само добро се брише, а покрупниот мора да се огули и да се исече; ако средината е многу тврда треба да се одстрани. На јадењата им дава арома, основен е додаток на јадења со компир и месо. Лисјата служат како зачин и украс во некои салати.

Од Пашканат може да се направи и пире, но најмногу се става во супи, чорби, паприкаш, салати и ѓувеч. Коренот се ренда. Ако се свари, корката сама отпаѓа, а ако се прави пире од пашканат корката не се гули. Добро оди со лук и кромид, со магдонос и мајчина душица. Во јадењата се става пред готвење. Во некои земји на ЕУ се става за арома во вина, а се прават и сокови со друг зеленчук.

Здравствена намена на Пашканат

Содржи многу витамин Б3 и важен е за нервниот систем. Содржи важни хранливи материи кои одговараат на сите крвни групи. Има антиревматско и антитоксично дејство, а делува и како природен диуретик. Отвора апетит, а содржи и многу влакна и помага работа на желудечно-цревниот тракт и помага и при констипација. 

Се користи и за одстранување на камен и песок од бубрези и мочен меур, против глисти и болки во долниот дел од грбот.

Добра е профилакса за кардиоваскуларните заболувања, намалува крвен притисок, потикнува одбрамбеност на организмот. Помага и против срцеви неурози, грчеви, ангина пекторис и други болести.

Екстракт од Пашканат

2 кафени лажичиња нарендан Пашканат се попаруваат со 3 дл зовриена вода. Стои 30 мин. поклопено, потоа се процедува и веднаш се пие. Оваа доза се конзумира три пати на ден, пред главните оброци, во траење од 20 дена.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови