Порано човекот многу повеќе време поминувал на нозе и бил принуден на движење, особено во потрага по храна. Човекот се одмарал само навечер. Сега животот е сосем поинаков. Потребата за пешачење е драстично намалена, а работите се завршуваат најчесто во седечка положба, без поголем физички напор.                

Влијание на здравјето

Пешачењето е голем благодет и веројатно најбезбеден пат до добро здраво тело, здрав дух и добра кондиција.

Пешачењето го продолжува животот и ни овозможува во него да уживаме. Додека пешачиме, целиот организам подобро функционира, се врши подобра размена на материи, се релаксира и покрај благото чувство на замор, се враќа загубената физичка сила, а овозможува и поубав и поздрав сон.

Го зајакнува срцето и коските

Редовните прошетки добро влијаат на срцето и крвотокот, забрзува согорување на вишокот храна во организмот и секако ќе намали ризик од добивање на речиси сите, особено на современите болести. Се зајакнуваат и коските.

Пешачење согорува калории

Пешачењето е особено полезно за дебелите луѓе, одењето пеш согорува масти, се намалува нивото на холестерол во крвта и се излачуваат штетните материи од организмот.

Пешачење елиминира стрес

Пешачењето отстранува стрес, подобрува расположение, ублажува депресија, смирува и обезбедува помирен сон.

Пешачење во природа

Најдобар ефект се постигнува ако се пешачи во природа и покрај вода. Зеленило, чист воздух и нежните звуци на природата имаат додатно смирувачко дејство на нервниот систем. Природата е првобитното живеалиште на човекот и таа врска не треба да се прекинува.

Потребно е редовно движење, без разлика на годините. Барем еден час во денот. Особено погодно делуваат прошетките во вечерните часови.

Набргу ќе сфатите дека е малку потребно да добиете ведар и весел дух.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови