За подмладување на организмот постојат повеќе методи. Се мисли на оние за кои не се потребни скапи третмани и хируршки зафати.

Подмладување на лицето, телото и на целиот организам не може да се состои само од козметички процедури. Мора да се комбинираат различни методи на подмладување кои даваат видливи и извонредни резултати.

Сигурно сте забележале дека има мажи, особено жени кои изгледаат помлади дури за 10-15 години, а не биле никогаш изложени на скапи естетски зафати.

Ова сведоштво на една таква убавица е објавено во многу списанија и на ТВ екрани, каде ја открива тајната на нејзиниот младешки изглед.

Видот многу и се подобрил, кожата на телото и станала мазна и еластична, а косата погуста. Косата веќе почнала да добива седи влакна, но по користење на еликсирот на младоста престанала да седи.

Ви го претставуваме рецептот:

Состојки: 100 мл ленено масло, 2 средно големи лимона, 1 голема главица лук и 0,5 кг мед.
Постапка: едниот лимон се лупи, другиот не. Двата се ставаат исецкани во блендер заедно со излупената главица лук. Изблендираната смеса се меша со мед, се додава маслото и пак добро се промешува. Смесата се чува во фрижидер во затворена тегла. Се зема 3 пати на ден по 1 лажица, половина час пред главните оброци.

На кој начин помага овој еликсир за подмладување

Лененото масло е билен хормон; Ленот содржи Линолна (Омега-6) и Олеинска (Омега-9) масна киселина, како и Палмитинска киселина.

Повеќе од половината содржина на маснотии во Ленот е Алфа-линоленска киселина (Омега-3), затоа Лененото масло е најбогат билен извор на Омега-3 масни киселини, двојно повеќе од рибиното масло. Лененото масло е најбогат билен извор на Лигнани кои се важни антиоксиданси, а тоа во комбинација со лимон го чисти црниот дроб и жолчните патишта.

Чист црн дроб е главен генератор на младоста.

Витаминот Ц во лимонот е одличен антиоксиданс, зајакнува имунитет и крвни садови. Лукот ги чисти крвните садови, а медот носи храна во сите тие крвни садови, содржи микроелементи кои го обновуваат и подмладуваат целиот организам.

Овој елексир се применува со истовремена нега на лице – масажа, природен ботокс, маска за затегање на лице од ленено семе и крема против брчки!

Оваа комбинација дава одлични резултати!


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови