Пост или постење е лековита навика доколку користиме квалитетни и целосни намирници!

,,Посно“ – значи исхрана без месо, млеко и млечни производи, јајца т.е. храна од животинско потекло!

Опис на посната исхрана

Има денови во кои се конзумира риба, а во другите денови храната се подготвува на масло и со вода.
Доколку при постот доминираат житарки, мехунарки, свежа храна, барен, динстан и зеленчук правен на скара, овошје, риба, орешести плодови и нерафинирани масла, постот е високо лековит!

Има посни пекарски производи и грицки, но тие се често полни со трансмасти и шеќери и мора да се избегнат.

Исхраната треба да се состои од свежо и смрзнато овошје и зеленчук, од билни извори на протеини (тофу, темпех, соја, боранија, грашок, грав, леблебија). Треба да се користат и целозрнести житарки – ориз, киноа, овес, кус кус, палента.

Исто така орашести плодови, семки и путери – како извори на здрави масти (бадем, лешник, кикирики, ореви, сончоглед, сусам…). Секако, морска и речна риба и морски плодови.

Се прават посни и здрави колачи од орешести плодови, од овесни снегулки и интегрално брашно. Може да се комбинираат со урми, мед, какао во прав, цимет, чоколадо со над 70% какао.

Зелка како храна кога е пост

Содржи витамини Ц и Б, антиоксиданси, моќен е пробиотик и одлична е за здравјето на цревата. Ферментација е постапка која се користи за зачувување на овошје и зеленчук за зимски период, кога многу намирници се помалку достапни.

Со ферментација се создаваат пробиотски бактерии, помагаат против гастро-интестинални тегоби (затвор, пролив, инфекции и нервозни црева), а одличен е извор и на билни влакна!

Киселата зелка е поздрава од свежата! Користете ја од туршија.

Грашок и Грав

Богат е со хранливи материи, содржи неколку есенцијални витамини и минерали: витамин Б, железо, бакар, манган, молибден, магнезиум, калиум. Богат е со протеини и јаглени хидрати. Сите водиви грав ги содржат сите 9 амино-киселини кои телото само не ги создава и мора да се внесат со храна.

Во тек на пост, амино-киселини не се внесуваат преку месо и други животински протеини.

Гравот е богат со антиоксиданси, уништуваат слободни радикали и спречува нивно штетно дејство.
Содржи растворливи и нерастворливи влакна кои погодно делуваат на дигестивниот тракт и даваат продолжено чувство на ситост – содржи мал % масти и одлична е превенција на срцеви заболувања.
Бел грав е богат со витамин Б1, неопходен за формирање и работа на мозочни клетки!

Грашок за време на пост

Добра е замена за месо (содржи многу протеини), богат е со витамини, железо, влакна, антиоксиданси. Железо е основа за производство на црвени крвни зрнца и за снабдување на организмот со доволно кислород. Нерастворливи влакна даваат чувство на ситост, регулираат апетит, подобруваат варење, помага во регулирање на телесна тежина.

Има намирници кои создаваат или додатно влошуваат воспаленија, како и производи кои содржат шеќери.

Анти-инфламаторна храна

Свежо овошје и зеленчук т.е. билна храна која е добар извор на антиоксиданси – молекули кои се борат со слободни радикали (природни нуспроизводи на некои телесни процеси, вклучувајќи го и метаболизмот).

Анти-воспалителни намирници

Мрсна риба, овошје (боровинки, капинки, јагоди, цреши) и сиров или кратко обарен зеленчук (спанаќ, кељ, брокули…), мехунарки, орашести плодови и семки, маслинки и екстра цедено маслиново масло, зачини (ѓумбир, куркума), пробиотици, пребиотици, билни чаеви.

Aко те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови